ПУБЛИКАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Оваа публикација е подготвена од страна на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“.

Основна цел на проектот е инкорпорирање на пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) во процесите на донесување на одлуки на национално и локално ниво. На национално ниво институтот го поддржа основањето на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), додека на локално ниво обезбедува поддршка за подготовка на локални стратегии и оперативни планови за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во осум општини во Република Македонија.

Македонската платформа против сиромаштија е основана како мрежа на независни граѓански организации кои својот придонес на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост го гледаат преку остварувањето на човековите права на различните ранливи групи кои тие ги застапуваат.

Публикацијата ги содржи основните документи за работа на МППС, како што се Манифестот на МППС, Принципите и насоките
за примена на ПЗЧП во работата на МППС, Работна програма 2010-2012, како и основачкиот акт - Статутот на Македонската платформа против сиромаштија.

Се надеваме дека оваа публикација ќе биде корисна за постојните и идните членки на платформата, но и за секој кој сака да дознае повеќе за работата на МППС и за пристапот насочен кон луѓето како крајни корисници и активни чинители на полето на остварување на сопствените права.

 

Публикациите можете да ги превземете на линковите:

pdfМППС - ПРИРАЧНИК

pdfMAPP - HANDBOOK

 

Fakticka-analiza---MKD-1.jpg

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)