Дискусиите кои се однесуваат на намалување на енергетската сиромаштија иако се тесно поврзани со пристапот со достапна и чиста енергија, всушност се подеднакво поврзани и со социјалните интервенции кои треба да гарантираат навремено вклучување и праведност во процесите на зелената транзиција и овозможување на услови за оние кои самостојно не може да го фатат текот.
МППС во 2014 година, започна да работи на системот на оценување на членство и поддршка (MASS). Со самото започнување на овој стратешки документ ние воедно заклучивме дека во моментот ние немаме луѓе кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост кои се директно вклучени во тела, ниту во работни групи за донесување одлуки. Единствената прилика да овие луѓе се видливи се годишните ПЕП конференции.
Во периодот од 26-ти февруари до 4-ти март, МППС организира обука за претставници на граѓанскиот сектор кои што работат во полето на социјална инклузија. На обуката ќе присуствуваат 30 учесници, од 10 земји од ЕУ и соседите, а целта е зајакнување на вештините за работа со социјално исклучени млади.
МППС во партнерство со Српската мрежа против сиромаштија во периодот од мај 2015 до декември 2015 ќе го реализира проектот Европа 2020 / Европски семестар
Комерцијална банка а.д. Скопје во соработка со Македонската платформа за борба против сиромаштијата од јануари 2013 до декември 2013 ќе го реализира проектот „ЕМОЦИОНАЛНО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ - ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО“.
Македонската платформа против сиромаштија со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Скопје во периодот од Јуни до Октомври 2012 ќе го спроведува проектот: Мапирање на социјалните потреби на локално ниво.
На почетокот на месец јуни 2011, оваа година, МППС спроведе уште една медијска кампања со цел да ја подигне јавната свест на јавноста поврзана со предизборните ветувања.
Кампањата за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост 2010 насловена „Секој трет во Македонија води крпен живот“ се спроведуваше во периодот октомври 2010 – декември 2010 и ги опфати следниве активности: