Оваа публикација ги обработува проблемите и потребите на локално ниво поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија.
Студијата се заснова на квалитативни и квантитативни методи на истражување (кои подетално се објаснети во самата публикација) со цел преку истражување на сиромаштијата и социјалната исклученост да се проценат и социјалните потреби, а воедно и да се согледаат проблемите на осиромашените и социјално исклучените групи граѓани од осум претходно селектирани општини и тоа – Липково, Чашка, Студеничани, Неготино, Радовиш, Конче и Берово.
Посебни цели на ова истражување, кои се анализирани во оваа студија се:
- Идентификацијата на видовите социјални проблеми и потреби на социјално исклучените граѓани.
- Утврдување на сиромаштијата и на животниот стандард на граѓаните вклучени во истражувањето.
- Обезбедување информации за условите на живеење и за проблемот на маргинализација и учество во локалната заедница.
- Идентификација на формите на исклученост на сиромашните и на социјално исклучените граѓани во таргетираните општини.
- Анализа на видовите бенефиции и услуги од социјалната заштита што се користат, како и пречките за пристап до нив.
- Утврдување на причините за евентуалниот ограничен пристап до социјалните услуги за ранливите групи граѓани.
- Презентирање на локалните мрежи на постојните социјални услуги и нивната расположливост (општини, центри за социјална работа
- ЦСР, социјални, здравствени и образовни институции, невладини организации и други релевантни актери).
- Препознавање на социјалните услуги за кои постои потреба, а недостасуваат во општините и идентификација на клучните пречки во обезбедувањето на постојниите услуги на локално ниво.
- Давање препораки за надминување на идентификуваните социјални проблеми.
- Обезбедување податоци што ќе можат да се искористат при подготовка на стратегиски документи за борба против социјалната исклученост и сиромаштијата во таргетираните општини.
Публикациите можете да ги превземете на линковите:Студија за сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија: Локални и социјални проблеми и потреби
Study on poverty and social exclusion in the Republic of Мacedonia: Local social problems and needs