МППС во 2014 година, започна да работи на системот на оценување на членство и поддршка (MASS). Со самото започнување на овој стратешки документ ние воедно заклучивме дека во моментот ние немаме луѓе кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост кои се директно вклучени во тела, ниту во работни групи за донесување одлуки. Единствената прилика да овие луѓе се видливи се годишните ПЕП конференции.
МППС одлучи да се посвети оваа година во охрабрување на луѓе кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост да се вклучат во процесот на донесувањето одлуки и политики , како волонтери или активисти во проекти, да лобира или да учествуваат во активности за подигање на свеста за МППС.
Крајната цел на овој проект е да се вклучат 5 луѓе со директно искуство на сиромаштијата во структурите и активностите на МППС..
Глани активности: |
1. Реализација на 8 регионални средби со членките на МППС |
|
2. Номинирање на лица кои би се вклучиле во работата на МППС. |
|
3. Селекција и обука за јакнење на капацитетите за вклучување во МППС на сиромашни |
|
4. Работни средби за креирање на неопходните документи |
|
5. Завршна средба за презентација на креираните документи |
|
6. Вклучување на 5-те лица кои го поминаа процесот на зајакнување во рамките на мрежата: |
|
На овој начин лицата ќе може директно да учествуваат во работата на МППС и истовремено да учат, но и да бидат гласот на МППС.
Проектот започнувa на 01.06.2015, а завршува на 31.12.2015 година.