Извештајот за сиромаштијата и социјалната исклученост во Р Македонија за 2010 година на МППС излезе од печат на крајот на месец август.
Ова издание е прво од ваков вид за МППС, и е производ на истражувањата и анализите кои 13 членки на платформата, кои ги спроведоа во перодот февруари-мај 2011 година.
Методологијата на истражувањето се засноваше на анализа на секундарни податоци кои произлегуваат од легислативата, акционите планови, стратегиите и политиките кои се донесени на национално ниво и капацтиетите на институциите задолжени за реализација на овие политики. Преку анализата на овие податоци беа направен пресек на состојбите во поглед на сиромаштијата и социјалната исклученост во дадениот пероиод. Истовремено беа дадени и заклучоци и препораки за надминување или подобрување на актуелните состојби.
Со цел подетално да се утврдат состојбите и потребите на локално ниво и да се идентификуваат проблемите и ризиците со кои се соочуваат граѓаните се пристапи кон истражување на локалните состојби и потреби на пет избрани општини во Република Македонија, и тоа: Битола, Гази Баба, Кочани, Свети Николе и Тетово. Идентификувањето на потребите и проблемите претставува социјално услужен модел насочен кон анализа на недостатоците што ќе помогне не само за изработка на профилот на заедниците туку и за планирање и изготвување стратешки документи со што ќе се унапреди нивниот локален социјален развој. Во првата деценија од овој процес дојде до прекумерна централизација, со што се предизвика забавување и занемарување на локалниот развој и потреби.
Во изготвувањето на извештајот учествуваа - ХЕРА, „Чекор плус“, „Хуманост“, СОС Детско село, „Подај рака“, Организација на жени на град Скопје, „Полио минус“, „Скорпион“, Сојуз на балканските Египќани, „Женска акција“, Здружение на социјални работници, „Синергија“ и „Артизанати“, додека неговото уредување и структура ја направи Проф. Д-р Маја Геровска Митев.
Публикацијата можете да ја превземете на линкот:Извештај за сиромаштијата и за социјалната исклученост во Република Македонија за 2010 година
Report on poverty and social exclusion in the Republic of Macedonia 2010