ЈАВНИ ПОВИЦИ, КОНКУРСИ, ОГЛАСИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) е регистрирана како сојуз на здруженија на граѓани со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, солидарност, недискриминација и владеење на правото. Тесно соработувајќи со маргинализираните и ранливите граѓани, организацијата иницираше, организираше, водеше, соработуваше, управуваше и надгледуваше десетици проекти во последните 13 години, градејќи национална мрежа која има за цел „никој да не биде изоставен“ додека општеството се развива. Ова искуство и вмрежувањето и овозможуваат на организацијата да допре до ранливите луѓе изложени на ризик, оние кои се маргинализирани и социо-економски сегрегирани, кои се групи на луѓе до кои е тешко достапни, особено кога станува збор за „да се слушне нивниот глас“ за општествено релевантни прашања.

 

1. Информации за проектот и услугата

Проектот „POWER UP – Играчите на пазарот на социјална енергија се справуваат со енергетската сиромаштија“ е проект финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската Унија, а координиран од страна на Енерџи ситис. Партнерите на проектот се од Италија, Белгија, Шпанија, Чешка, Холандија и Северна Македонија.

PowerUp cover

Главна цел на проектот е спроведување пилот шеми за домаќинствата во енергетска сиромаштија, така што да имаат корист од производството на обновлива енергија и мерки за енергетска ефикасност, без да сносат финансиски ризици. Преку активностите се прави развој и зајакнување на локалните чинители на енергетскиот пазар со социјална агенда, заснована на долгорочна перспектива за стекнување локалното знаење и зајакнување на локалната економија. Конечно, преку заеничката работа на темата целта е да се шири искуството на членовите на конзорциумот за да се олесни репликацијата во европските земји.


Поврзано со организирање на состанок на конзорциумот, за потребите на проектот е потребна набавка на угостителски услуги за група од 15 до 25 лица.

 

2. Спецификација

Понудата треба:

  • да вклучува обезбедување на оброк со вклучени предјадење, салата, главно јадење, десерт и безалкохолен пијалок;
  • да се достави со цена по лице, изразена во денари, без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ);
  • да содржи име, адреса и седиште на понудувачот на услугата, даночен број, броеви на телефон, е-маил адреса и лица за контакт.

Пожелно е понудата да биде проследена и со предлог мени за понудената цена, едно или повеќе опции.

 

3. Начин на пријавување и поднесување на понудите

Понудата се поднесува електронски преку е-маил mppsmk@gmail.com, со наслов – Понуда за угостителски услуги.

Повикот е отворен од 01.11.2024 до 10.11.2024 година.

 

4. Дополнителни информации

По извршената евалуација на пристигнатите понуди и одобрување на избраната најповолна понуда ќе биде контактиран само правниот субјект со одобрена најповолна понуда.

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете на наведената е-маил адреса.

ПРЕЗЕМЕТЕ : pdfБАРАЊЕ ПОНУДА ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)