Македонската платформа против сиромаштија - МППС е сојуз на здруженија на граѓани во кој на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани и индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото.
МППС е непрофитна, непартиска и невладина организација. Процесот на основање и работа на МППС е поддржан од страна на Лудвиг Болцман Институтот за човекови права (БИМ-ФВ Скопје), преку Австриската соработка за развој.
Цели на МППС се:
-
- Да придонесува кон намалување на сиромаштијата и поттикнување на социјалната исклученост.
- Развивање на културните, економските, социјалните и други општествени вредности.
- Развивање силна мрежа во борбата против сиромаштијата.
- Работа со сиромашни заедници и нивно зајакнување.
- Промоција на недискриминација и еднаквост за сите.
- Унапредување на партиципативната демократија.
- Застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, сиромаштијата, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата.
- Подигање на свеста кај општата и стручна јавност за прашања поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост
- Вклучување на МППС во развиените мрежи за борба против сиромаштијата, на регионално и на европско ниво.
- Вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливите и на дискриминираните заедници во сите процеси и нивоа на одлучување што ги засегаат нив.
- Зајакнување на капацитетите на членките на МППС Спроведување истражувања и анализи на полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, (не)дискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.