Овој прирачник на ЕАПН за Сиромаштија и нееднаквоста во ЕУ е шестиот по ред од серијата прирачници на ЕАПН, во кој на разбирлив и секојдневен јазик се обработуваат клучни прашања и дебати, приоритетни за дискурсот на ЕУ. Првенствено се наменети за луѓето кои работат во организациите за граѓанско општество, но и кон сите кои се заинтересирани за напредокот во намалувањето на сиромаштијата и социјалната ексклузија во ЕУ.
Овој прирачник може да им послужи како алатка и на другите организации за граѓанско општество, синдикати, академици, медиумите, како и другите засегнати страни, вклучувајќи го и јавното мислиње при разбирањето на причините и влијанието на сиромаштијата, социјалната ексклузија и нееднаквостите за оние кои директно се погодени од нив, но и генерално за целото општество.
Публикацијата можете да ја превземете на линкот:
СИРОМАШТИЈАТА и НЕЕДНАКВОСТА ВО ЕУ