Собранието на Македонската платформа против сиромаштија - МППС е составено од претставници на сите организации членки.
Собранието ги поставува насоките за сите политики на МППС и ги усвојува годишните финансиски планови и извештаи.
Претседателот е задолжен за претставување и застапување на МППС на надворешни средби и во целокупниот правен промет со трети лица.
Претседател на МППС | |
Билјана Дуковска | |
president@mpps.org.mk |
Извршниот одбор е извршно тело на МППС и ги спроведува заедничките политики и ставови утврдени од Собранието, одлучува за стекнување и располагање со средствата на МППС и е одговорен за спроведување на сите проектни активности на МППС.
Членови на Извршниот одбор на МППС | |
Билјана Дуковска | |
Николина Николовска | |
Ерол Адемов | |
Елена Нешовска | |
Зоран Биковски | |
Томе Крстевски | |
Оливера Доцевска | |
Магдалена Спасовска | |
Сашо Матовски |
Надзорниот одбор ги врши следниве работи:
увид во финансиското работење на МППС | |
анализа и контрола врз финансиските извештаи на работните тела и органи на МППС | |
контрола врз наменското користење и располагање со средствата на МППС | |
укажува на неправилности со кои се нанесува материјална штета на МППС |
Членови на Надзорниот одбор на МППС | |
Бојан Велковски | |
Даниела Антоновска | |
Емилија Наумова |
Секретаријатот претставува извршна канцеларија за поддршка на органите на Македонската платформа против сиромаштија - МППС. За Секретаријат може да се номинира која било членка на Собранието на МППС.
Секретаријатот го избира Собранието на МППС со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членки. Мандатот на Секретаријатот е 4 години, со право на повторен избор.
Секретаријатот на МППС ги врши следните работи:
врши редовно известување на членките за активностите на МППС | |
идентификува можности за финансирање на МППС | |
учествува во спроведувањето на стратешкиот план, годишна програма за работа и други акти усвоени од Собрание на МППС | |
учествува во подготовката и спроведувањето на проекти во интерес на членките на МППС | |
ги координира активностите на членките на МППС при спроведувањето на заеднички иницијативи и проекти | |
организира работни групи за поднесување на заеднички иницијативи од страна на членките на МППС | |
поднесува годишен извештај за својата работа до Извршен одбор, Надзорен одбор и Собранието на МППС |
Секретаријат на МППС | |
Здружение „Хуманост“ од Скопје | |
info@mpps.org.mk |
Работните групи се формирани во рамките на следните приоритетни области на делување на МППС:
Човекови права и недискриминација, | |
Економски развој и социјална вклученост, | |
Образование, | |
Жени и родова еднаквост, | |
Деца и млади, | |
Роми и етнички малцинства, | |
Домување, | |
Здравство, | |
Стари лица, | |
Лица со посебни потреби, | |
Институционален развој. |
Работните групи претставуваат форуми за размена на знаења, мислења и ставови, како и форми на соработка помеѓу членките на МППС за адресирање и решавање на прашања од заеднички интерес.
Основна цел на работните групи е обезбедување експертска поддршка на Извршниот одбор во подготовка на предлог-проекти од заеднички интерес на членките на МППС. Работните групи имаат флексибилна структура и начин на делување, што дозволува формирање ад хок работни подгрупи за адресирање и решавање на посебни прашања во рамките на горенаведените приоритетни области на делување на МППС.
Предвидено е работните групи да одржуваат редовни состаноци според однапред утврдена динамика, а по потреба да можат да комуницираат и по пат на електронска пошта или друг вид на интернет комуникација.