ЕВРОПСКА МРЕЖА ЗА МИНИМАЛЕН ПРИХОД (EMIN)

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Европска мрежа за минимален приход (ЕМИН) е двегодишен проект на ЕАПН (2013-2014) финасиран од Европска комисија, кој има за цел да изгради консензус за превземање на неопходните чекори кон прогресивна реализација на соодветни и достапни шеми за Минималниот проход во земјите членки на ЕУ во согласност со препораките на Европската комисија од 2008, Стратегијата Европа 2020 а во контекст со Европската мрежа против сиромаштија и социјална исклученост (ЕАПН).

Зошто е важно воведување на Минималниот достоинствен приход во Македонија?

ЕМИН е важен чекор за да го задржи фокусот на важноста за воведување на шеми за Минимален проход во сите земји во Европска унија , Минималниотдостинствен приход е клучен елемент за спас на луѓето кои жевеат во сиромаштија и социјална исклученост.

Минималниот достоинствен приход (МДП) е поим кој обично се користи за да се опише исплатата од страна на државата која функционира како „сигурносна мрежа“ и законски ја гарантира на сите свои граѓани, без разлика дали тие се работоспособни или пак се вработени.

МДП е социјално право и е темел на секоја социјална држава и е суштинска основа за да се обезбеди право на достоинствен живот за сите или да гарантира минимум животни стандарди.

МДП е прилагоден на потребите на граѓаните - се разликува од една земја до друга

Овој минимален приход најчесто се дава на работоспособни граѓани кои не работат веќе подолго време или кои не заработуваат доволно за да го остварат минималниот квалитет на живот.

Активности кои МППС ќе ги спроведо со овој проект:
 
1. Прва конференција на Европско ниво (2013)
Првата конференција на Европско ниво ќе има за цел да даде јасни насоки за имплементација на проектот и размена на добрите пракси за воведувањето на Минималниот достоинствен прииход во земјите членки на ЕУ. Исто така ќе се разработата две тематски пристапи (возраста и бездомништвото)
2. Поготовка на Извештај за одредување на шемите за Минималниот достоинствен приход во Македонија.
  • Предлози за заеднички дефиниции и критериуми за соодветни шеми за Минималниот достоинствен приход во Македонија.
  • Дасе претстават добро и лоштите практики за Минималниот достоинствен приход
  • Да се идентификуваат клучните чекори за прогресивно остварување на пристап до соодветни шеми за Минималниот достоинствен приход.
3. Национална конференција

Националнта конференција ќе има за цел:

  • Презентирање на наодите од националниот извештај,
  • Информации од проектот на ЕУ и релевантните случувања во ЕУ,
  • Подигнување на свеста за воведување на Минималниот достоинствен приход
  • Идентификување на чекори кои ќе помогнат до градење на консензус за обезбедување на напредок кон прогресивна реализација на соодветните и достапните шеми за Минималниот достоинствен приход во Македонија.

Ова конференција треба да вклучува и дискусии за предлозите за заеднички дефиниции и критериуми за соодветни шеми за Минималниот достоинствен приход. Резултатите од национални конференции ќе се презентираат на втората европско конференција.

4. Втора конференција на Европско ниво (2014)
На втората конференција на Европско ниво че бидат презентирани заклучоците од националните конференции и Извештаите на секоја земја за шемите на Минималниот достоинствен приход. Конференцијата исто така треба да развие и подобра соработка на ЕУ за обезбедување на Минимален достоинствен приход и добри приходни шеми.

 EMIN cover

 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)