Со пописот на населението се обезбедуваат податоци за бројот на населението и за неговата територијална разместеност, како и за неговата структура според демографските, географските, економските и социјалните белези.
Со пописот на домаќинствата се обезбедуваат податоци за бројот на домаќинствата и за нивната територијална разместеност, како и податоци за структурата на домаќинствата според нивната големина, типот и семејниот состав.
Со пописот на живеалиштата се обезбедуваат податоци за бројот на живеалиштата според видот и нивната територијална разместеност, а за становите (во градежна смисла) се обезбедуваат и податоци за нивната големина, опременоста со инсталации и помошни простории.
Пописот претставува примарен извор за добивање на демографски, географски, образовни и на социоекономски податоци за населението во една држава.
Публикацијата можете да ја превземете на линковите подолу:
Пописот како новинарска тема. Прирачник за новинари за претстојниот попис во Република Северна Македонија.
Regjistrimi si temë gazetareske. Manuali për gazetarë mbi regjistrimin e ardhshëm.