Состојбата со младите од Европа на пазарот на трудот е една од најдебатираните теми, каде стапките на невработеност достигнуваат и до 23,4% во 2013 год. ( ЕУ-28, Еуростат) и повеќе од 55% во земји како Грција и Шпанија.
Таа претставува приоритет и за владите и за Европската Унија за итно разрешување на проблемот. Но, постои една не толку позната бројка што нé запрепастува: Во 2012 год. 29,7% од младите мажи и жени во Европа биле погодени од сиромаштија и социјална ексклузија. (ЕУ-28, Еуростат, 2012).
Но, главните случувања и на национално и на европско ниво налагаат воведување на еден потесен пристап кој ќе се сосредоточи претежно на вработувањето и интеграцијата на пазарот на трудот.
Други горливи проблеми како: сиромаштијата кај младите, социјалната ексклузија, дискриминацијата, бројните пречки со кои се соочуваат младите мажи и девојки, пристап до услугите, правата на младите и еманципацијата и социјалното учество не се сметаат за приоритетни, а некогаш на нив воопшто не се ни обрнува внимание при креирањето на политиките.
Најголемото богатство и надеж за подобра иднина на Европа се младите луѓе, не само младите работници.
Публикацијата можете да ја превземете на линкот:
Сиромаштијата кај младите и социјалната ексклузија во Европа