Македонската платформа против сиромаштија со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Скопје во периодот од Јуни до Октомври 2012 ќе го спроведува проектот: Мапирање на социјалните потреби на локално ниво.
Oпшта цел на проектот е проценка на социјалните потреби и проблеми на осиромашените и социјално исклучените групи граѓани во следниве општини: Гази Баба, Кочани, Св. Николе, Битола и Тетово.
Проектни активности:
- Избор на локални координатори и анкетари
- Организирање на обука за тимот на анкетари и локалните координатори
- Истражување на социјалните потреби во претходно наведените општини:
- спроведени анкетни прашалници со сиромашни и ранлиив групи од населението;
- спроведени интервјуа со претставници од релевантните институции;
- спроведени фокус групи со сиромашните и ранливите групи.
- Подготовка на анализа од истражувањето
- Организирање на пет јавни трибини и промоција на анализата
За успешна реализација на проектните активности е потребно номинирање од ваша страна на едно лице-локален координатор кој ќе биде одговорен за координирање на активностите на локално ниво. За избраните локални координатори како и за анкетарите е предвиден одреден финансиски надоместок.
Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат истражувачки и аналитички вештини за документирање на проблемите и потребите поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост а воедно и имаат претходно истражувачко искуство.
Дополнителна предност ќе имаат номинираните лица од локалните членки на МППС каде што ќе се одвиваат проектните активности.
Главни активности на локалните координатори:
- Соработка со проектниот менаџер на проектот за подготовка на престојните активности (учество на заедничка работна средба)
- Предлагање на три лица-анкетари од својата организација кои ќе бидат одговорни за спроведување на истражувањето со лицата корисници на социјална парична помош
- Остварување на контакт со лицата претставници од релевантните институции на локално ниво: Единици на локална самоуправа, здравствени установи, центри за социјална работа
- Спроведување на интервјуа со претставниците на релевантните институции на локално ниво
- Доставување на податоците во претходно дефинираниот рок до координаторот на истражувањето
- Воспоставување на контакти со други граѓански организации и организирање на фокус групите со претставници на сиромашни и ранливи категории
- Обезбедување на техничка поддршка и организирање на трибина за промоција на студијата.