Македонска платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на здруженија на граѓани и поединци кои се здружени со цел промивирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Сите ние, членки на МППС ја делиме визијата за Република Македонија како општество на благосостојба, остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно владеење. За таа цел, нашата платформа ќе настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности. Воедно, нашата мрежа ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни институции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности.
Членството во Македонската платформа против сиромаштијата / Платформата против сиромаштијата на Македонија е отворено за сите оние што сакаат да придонесат за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, ја делат нашата мисија и визија и се гледаат себеси како двигател за промена. Затоа, ги повикуваме сите граѓански организации и заинтересирани поединци да ни се приклучат во нашите напори за адресирање на сиромаштијата, социјалната исклученост, дискриминацијата и кршењето на човековите права и основни слободи и на тој начин да ја зајакнат нашата платформа заради остварување на заеднички утврдените задачи и цели.
Доколку сметате дека нашите заложби се во насока на она што вие го работите, и сакаде да пристапите кон МППС доволно е да ни се обратите на е-пошта: info@mpps.org.mk и да ја изразите својата заинтересиранот да пристапите кон платформата и да го побарате формуларот за прием на нови членки, или директно превземете го формуларот на линкот:
ПРЕВЗЕМЕТЕ : ФОРМУЛАР ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НОВИ ЧЛЕНКИ НА МППС
-
- Амбрела - Ромски едукативен центар
- Авена - Здружение на роми
- Асоцијација на економски истражувачи
- Бела Виста - Институт за одржлив регионален развој
- Гринер - Здружение за зелено општество
- Граѓанска асоцијација Битола
- Глобал - Движење за социоекономски развој
- Достоинствен работник - Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците
- ЕАСП - Младинска организација за општествена акција, едукација и превентива
- Елена Лука Фондација
- Еко Логик - Здружение за заштита и унапредување на животната средина
- ЕРС - Асоцијација за економски и културен развој
- Женска акција - Асоцијација за унапредување на жената во современите општествени процеси
- Здравје и респект - Здружение за помош на лица со посебни потреби
- ЗИТ Радовиш - Здружение на инвалиди
- ЗМОЧП Штип - Здружение на мултиетничко општество за човекови права
- Здружение на социјални работници на град Скопје
- Здружение на студенти и младинци со хендикеп
- ЗОРБЕЕКС - Здружение за социо-економски развој и животна средина
- Изида 42/21 - Здружение за заштита на културниот идентитет на Египјаните
- Јустиција - Здружение на граѓани
- КХАМ - Невладина организација
- КОРД - Национална асоциација за одржлив развој и демократија
- Кризен центар Надеж - Здружение на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство
- МАДИ - Македонска агенција за движење и интеграција
- МОФ - Младински образовен форум
- Момент плус - Асоцијација за пулмонална хипертензија
- Мултикултура - Здружение на граѓани
- MЦЕМ - Младинцки центар за еднакви можности
- Минус и Плус - Ресурсен центар за самохрани родители
- Мисла - Здружение на граѓани за поддршка на лица со ментални болести и други маргинализирани групи во РМ
- НСРР - Национален совет за родова рамноправност
- Надеж - Центар за социјални иницијативи
- Организација на жени на град Скопје
- Организација на жени на општина Центар
- Организација на жени на Пехчево
- Организација на жени на општина Гевгелија
- Профицио - Здружение на граѓани
- Порака наша - Здружение на лица со интелектуална попреченост
- Призма - Центар за општествени истражувања и развој
- Полио Плус - Движење против хендикеп
- Станица П.Е.Т - Здружение за правна едукација и транспарентност
- Стар - Стар - Здружение за поддршка на маргинализираните работници
- Солидарност - Здружение на пензионери
- Скорпион - Здружение за помош на социјално исклучени лица и ризични групи
- Састипе здравје - Ромски центар
- Сумнал - Здружение за развој на ромската зaедница
- Сочувај Лекувај - Асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб
- ТАКТ - Здружение за унапредување на меѓусебна доверба
- УНАСМ - Унија на независни автономни синдикати на Македонија
- УТД - Универзитет трето доба
- ХЕРА - Асоцијација за здраствена едукација и истражување
- Хуманост - Здружение за поддршка и развој
- Хемолог - Здружение на лица со хемофилија
- Хуманост без граници - Здружение на граѓани
- Хемо Вил - Здружение на граѓани со коагулопатија
- Хуман свет - Здружние на граѓани
- Чиста вода здрава храна - Здружение на граѓани
- Шадрван - Младинска културна асоцијација на Бошњаците