ПУБЛИКАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Во моментов Европа се соочува со тренд на зголемување на сиромаштијата и социјалната ексклузија, како и влошување на животните услови. Околу 125 милиони луѓе се во ризик од сиромаштија или социјална ексклузија во ЕУ, што е еднакво на 24,8% од вкупното население (Еуростат, 2014:27). 

Во врска со ова, ЕУ сé повеќе се оддалечува од целта за намалување на сиромаштијата според стратегијата Европа 2020, бидејќи дополнително имало околу 6,2 милиони луѓе кои живееле во ризик од сиромаштија или социјална ексклузија во 2012 год. повеќе отколку две години претходно, кога беше усвоена целта. Подеднакво, класичните инструменти за социјална заштита кои се борат против сиромаштијата и социјалната ексклузија многу се влошени со мерките за штедење, додека се апелира дека постои зголемена загриженост за нивната ефикасност.

Социјалните иновации постепено станаа многу значајни во рамката на политики на ЕУ, делумно како одговор на мерките за штедење, бидејќи интересите на владите за ограничување на јавниот долг и потрошувачката преку зголемената приватизација и либерализација на социјалните услуги, а и делумно како свесност дека на старите решенија им се потребни нови алтернативи (и пазарни и владини), како и фактот што теренските организации се добро позиционирани за развивање на ваквите пристапи.

Во овој контекст, НВО за борба против сиромаштијата треба повеќе да се вложат за оние социјални иновации кои промовираат социјална инклузија и кои придонесуваат за намалување на сиромаштијата, отколку на иновации по секоја цена, или дури за нови решенија кои всушност би можеле да ја зголемат сиромаштијата, проблемите и маргинализацијата на терен.

Публикацијата можете да ја превземете на линкот:

pdfПридонесот на значајните социјални иновации за намалување на сиромаштијата 


pridones.socijalni inovaciijpg

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)