ПУБЛИКАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Од осамостојувањето до денес, Република Македонија поминува низ долг и макотрпен процес на општествена транзиција која неповолно влијае врз нејзиниот економски и социјален развој.а.

По 2005 година, на единиците на локалната самоуправа им е пренесена одговорноста за развивање социјални функции на локално ниво со кои ќе се задоволуваат потребите на групите во социјален ризик. Согласно со постојниот Закон, единиците на локалната самоуправа имаат можност самостојно да развиваат вонинституционални облици на заштита на граѓаните во зависност од нивните потреби, како и да организираат и да спроведуваат социјална заштита за граѓаните од своето подрачје преку донесување сопствени развојни програми согласно со специфичните потреби.

До интензивирање на процесот на децентрализација, во доменот на социјалната заштита доаѓа со усвојување на новиот Закон за социјална заштита од 2009 година што го содржи обврзувачкиот елемент според кој општината е должна развојните програми да ги усогласи со стратешките програми на Министерството за труд и социјална политика. Со промените во Законот за социјална заштита, македонскиот систем за социјална заштита се доближи до стандардите на Европската унија преку почитување на принципите на плурална социјална заштита, децентрализација на социјалната заштита, развој на политики за социјална инклузија и деинституционализација. Истовремено, демографскиот дефицит, осиромашувањето на населението, продлабочувањето на класичните социјални проблеми и појавата на нови социјални проблеми претставуваат главни закани во одржливоста на системот за социјална заштита.

Со цел подетално да се утврдат состојбите и потребите на локално ниво и да се идентификуваат проблемите и ризиците со кои се соочуваат граѓаните се пристапи кон истражување на локалните состојби и потреби на пет избрани општини во Република Македонија, и тоа: Битола, Гази Баба, Кочани, Свети Николе и Тетово. Идентификувањето на потребите и проблемите претставува социјално услужен модел насочен кон анализа на недостатоците што ќе помогне не само за изработка на профилот на заедниците туку и за планирање и изготвување стратешки документи со што ќе се унапреди нивниот локален социјален развој. Во првата деценија од овој процес дојде до прекумерна централизација, со што се предизвика забавување и занемарување на локалниот развој и потреби.

Публикацијата можете да ја превземете на линкот:

pdfМапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ

mapiranje.jpg

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)