Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) е регистрирана како сојуз на здруженија на граѓани со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, солидарност, недискриминација и владеење на правото. Тесно соработувајќи со маргинализираните и ранливите граѓани, организацијата иницираше, организираше, водеше, соработуваше, управуваше и надгледуваше десетици проекти во последните 13 години, градејќи национална мрежа која има за цел „никој да не биде изоставен“ додека општеството се развива. Ова искуство и вмрежувањето и овозможуваат на организацијата да допре до ранливите луѓе изложени на ризик, оние кои се маргинализирани и социо-економски сегрегирани, кои се групи на луѓе до кои е тешко достапни, особено кога станува збор за „да се слушне нивниот глас“ за општествено релевантни прашања.
1. Информации за проектот и услугата
Проектот „POWER UP – Играчите на пазарот на социјална енергија се справуваат со енергетската сиромаштија“ е проект финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската Унија, а координиран од страна на Енерџи ситис. Партнерите на проектот се од Италија, Белгија, Шпанија, Чешка, Холандија и Северна Македонија.
Главна цел на проектот е спроведување пилот шеми за домаќинствата во енергетска сиромаштија, така што да имаат корист од производството на обновлива енергија и мерки за енергетска ефикасност, без да сносат финансиски ризици. Преку активностите се прави развој и зајакнување на локалните чинители на енергетскиот пазар со социјална агенда, заснована на долгорочна перспектива за стекнување локалното знаење и зајакнување на локалната економија. Конечно, преку заеничката работа на темата целта е да се шири искуството на членовите на конзорциумот за да се олесни репликацијата во европските земји.
Поврзано со организирање на состанок на конзорциумот, проектот има потреба од изнајмување на работен простор, со опрема, за група од 15 до 25 лица, за 13 и 14 ноември, во период од 8:00 до 17:00 часот.
2. Спецификација
Понудата треба:
- да вклучува простор кој се наоѓа во строгото централно подрачје, близу до Плоштад и до општина Центар и во кој може да собере 15 до 25 лица. Просторот мора да има работни површини (маси со столици), целосна техничка опрема за состанок (услови за презентирање, озвучување, стабилен интернет и компјутер), како и соодветна климатизација;
- да вклучува обезбедување на топли (кафе и чај), безалкохолни пијалоци (вода, газирана вода, сок) и закуска со ситни солени и благи јадења за организирање на три паузи;
- да се достави со цена изразена во денари, без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ);
- да содржи име, адреса и седиште на понудувачот на услугата, даночен број, броеви на телефон, е-маил адреса и лица за контакт.
3. Начин на пријавување и поднесување на понудите
Понудата се поднесува електронски преку е-маил mppsmk@gmail.com, со наслов – Понуда за изнајмување работен простор.
Повикот е отворен од 01.11.2024 до 10.11.2024 година.
4. Дополнителни информации
По извршената евалуација на пристигнатите понуди и одобрување на избраната најповолна понуда ќе биде контактиран само правниот субјект со одобрена најповолна понуда.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.
Дополнителни информации за повикот можете да добиете на наведената е-маил адреса.
ПРЕЗЕМЕТЕ : БАРАЊЕ ПОНУДА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ РАБОТЕН ПРОСТОР