На почетокот на месец јуни 2011, оваа година, МППС спроведе уште една медијска кампања со цел да ја подигне јавната свест на јавноста поврзана со предизборните ветувања.
Кампањата беше спроведена под мотото – Внимание! Ветувања!, и претставуваше соодветно продолжување на кампањата – Секој трет Македонец живее крпен живот. Фокусот на оваа активност, покрај подигањето на јавната свест, беше и потребата да се нагласи вниманието кое МППС ќе го посвети на следењето на имплементацијата на предизборните програми за да го загарантира нивното спроведување и да укаже на евентуалните недостатоци во имплементацијата кои мораат да бидат решени.
Кампањата беше реализирана низ повеќе градови на Р Македонија.