Оваа публикација има за цел да даде јасен преглед на меѓународните норми и стандарди поставени од меѓународното и домашното право за заштита на човековите права во Република Македонија, и е тесно поврзан со остварувањето на Милениумските развојни цели односно напорите кои РМ ги вложува во нивната имплементација.
„Милениумските развојни цели“ се светски, ограничени со рок и квантификувани цели за третирање на екстремната сиромаштија во нејзините многубројни димензии – сиромаштијата на приходи, гладот, болестите, немањето адекватно засолниште и исклученоста – истовремено промовирајќи родова еднаквост, достапност до образование и еколошка одржливост.
Во суштина тие се, исто така, основни човекови права – права на секое лице од планетава на здравје, образование, домување и безбедност, впрочем како што е утврдено во Универзалната декларација за човекови права (Universal Declaration of Human Rights) и Милениумската декларација на ОН (UN Millennium Declaration). Оваа јасна врска е детално разработена со Нацрт насоките на ОН за пристапот на човековите права во стратегиите за намалување на сиромаштијата („Нацрт насоки за сиромаштијата“) кои се употребени како уште едно референтно средство во овој документ.
Публикациите можете да ги превземете на линковите:Меѓународна и национална законска рамка за човекови права за Македонија
Internatioanal and natioanal legal framework for human rights for Macedonia - Integral version
Internatioanal and natioanal legal framework for human rights for Macedonia - Summary
Korniza ligjore ndërkombëtare dhe kombëtare për të drejtat e njeriut në Maqedoni