25 милиони деца во Европската Унија (ЕУ) се во ризик од сиромаштија и социјална исклученост – тоа е едно на секое четврто дете.
Повеќето од овие деца растат во сиромашни семејства, кои со маки се обидуваат да им пружат пристоен живот. Ова е социјален криминал во ЕУ, која се гордее со својот социјален модел, напад на фундаменталните права и неуспех да се инвестира во луѓето и во нашата иднина.
Може ли ЕУ да си го дозволи овој трошок?
Публикацијата можете да ја превземете на линкот:Водич за детската сиромаштија во Европската Унија
Оваа брошура за детската сиромаштија е заеднички напор на ЕАПН и Eurochild со цел:
- Да се подигне свеста на јавноста за тоа што значи детската сиромаштија во Европски контекст, нејзините причинители и како влијае на животите на децата и нивните семејства.
- Да ги истакне ефикасните решенија што треба да помогнат во борбата против сиромаштијата и да го промовираат добробитието на децата и нивните семејства, посебно во времиња на немаштија и јавно намалување на трошоците.
Се надеваме дека таа ќе помогне да се мобилизира широка јавна и политичка поддршка за интезивирана акција за намалување на детската сиромаштија и да го промовира добробитието на децата, навремено да се поддржи спроведувањето на Препораките на Европската Комисија против детска сиромаштија