ПУБЛИКАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

Е-ПОШТА
info@mpps.org.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)77 96 36 72

Пребарајте на нашата веб страна

Со пописот на населението се обезбедуваат податоци за бројот на населението и за неговата територијална разместеност, како и за неговата структура според демографските, географските, економските и социјалните белези.

Во публикацијата се пренесени наодите од истражувањето спроведено како резултат на потпишан меморандум за соработка на МППС со Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Овој прирачник на ЕАПН за Сиромаштија и нееднаквоста во ЕУ е шестиот по ред од серијата прирачници на ЕАПН, во кој на разбирлив и секојдневен јазик се обработуваат клучни прашања и дебати, приоритетни за дискурсот на ЕУ. Првенствено се наменети за луѓето кои работат во организациите за граѓанско општество, но и кон сите кои се заинтересирани за напредокот во намалувањето на сиромаштијата и социјалната ексклузија во ЕУ.

Денес кредибилноста на ЕУ и борбата против сиромаштијата се соочуваат со сериозна криза: ЕУ и земјите-членки воопшто не ја исполнуваат целта на стратегијата Европа 2020 (за спас на најмалку 20 милиони луѓе од ризикот од сиромаштија), напротив, дополнително, повеќе од 8 милиони луѓе се наоѓаат во состојба на ризик од сиромаштија!

Во моментов Европа се соочува со тренд на зголемување на сиромаштијата и социјалната ексклузија, како и влошување на животните услови. Околу 125 милиони луѓе се во ризик од сиромаштија или социјална ексклузија во ЕУ, што е еднакво на 24,8% од вкупното население (Еуростат, 2014:27). 

Со задоволство ве информираме дека во првата фаза од проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” изработивме документ за јавна политика на тема „Социјална заштита во Република Македонија: Како до систем по мерка на секој граѓанин” со која предлагаме измени во Законот за социјална заштита и реформа за подобрување на наеговата функционалност.

Рушење на бариерите – носење промени со 15 нови студии на случаи од членките на ЕАПН кои наведуваат нови успеси во оваа работа, одредувајќи каде се наоѓаме во процесот и прикажувајќи мотивирачки пристапи за изградба на учеството на луѓето кои живеат во сиромаштија кои имаат директно искуство во сиромаштијата и социјалната ексклузија.

Секојдневното учество во нашите организации треба да стане реалност. Скоро 20 години Националните мрежи на Европската мрежа за борба против сиромаштијата (ЕАПН) работат на остварување на учеството на луѓето кои живеат во сиромаштија во јавниот домен, како и во самите нивни организации. 

Стратегијата Југоисточна Европа (ЈИЕ) 2020: работни места и просперитет во европска перспектива, е усвоена oд страна на седум држави вo региoнoт, какo еквивалент на Стратегијата ЕУ 2020, на кoнференција на министрите за екoнoмија кoја се oдржала вп Сараевo, вo нoември 2013 гoдина. 

Овој Толкувач на ЕАПН за Квалитетот на работата и вработувањето во ЕУ преставува петта брошура во серијата брошури на ЕАПН наречена Толкувачи на ЕАПН и се обидува на разбирлив и секојдневен јазик да ги објасни клучните теми и дебати, приоритетни во расправата за сиромаштијата во ЕУ.

Состојбата со младите од Европа на пазарот на трудот е една од најдебатираните теми, каде стапките на невработеност достигнуваат и до 23,4% во 2013 год. ( ЕУ-28, Еуростат) и повеќе од 55% во земји како Грција и Шпанија. 

На сиромаштијата често се гледа како на проблем што го предизвикуваат ниските приходи и се поврзува со идејата дека луѓето не добиваат плата за вложениот труд.

Европска мрежа за минимален приход (ЕМИН) е две годишен проект (2013-2014), финансиран од страна на Европскиот парламент и Европската комисија, врз основа на договор бр. VT / 2011/100 Пилот проект - Социјална солидарност за социјална интеграција и промовиран односно спроведен од страна на Европската мрежа против сиромаштија (EАПН).

Целта на психотерапевтските интервенции е постигнување на повисок степен на личен раст и развој, поголема свесност за себе,свесност за своите потреби, чувства, мисли, спремност за разрешување на интрапсихички и интерперсонални конфликти и постигнување на автентичност во севкупното лично однесување, а со тоа и поголема функционалност на индивидуален, семеен, професионален и социјален план.

Активна вклученoст е стратегија развиена од Европската комисија, направена да ги поддржи луѓето кои во моментот се социјално исклучени да живеат живот со достоинство и да им помогне да напредуваат до пронаоѓање пристојна работа или да добијат додатни вештини и самодоверба за поактивно да учествуваат во своите заедници.

AntiPOVERTYMAG

Списание на Европската мрежа против сиромаштија
Број 139, II, 2013

25 милиони деца во Европската Унија (ЕУ) се во ризик од сиромаштија и социјална исклученост – тоа е едно на секое четврто дете.

AntiPOVERTYMAG

Списание на Европската мрежа против сиромаштија
Број 138, I, 2013

На 11. Европски состанок учествуваа преку 150 делегации (луѓе со директно искуство од сиромаштија и/или бездомност) од 30 земји да размислуваат на оваа тема, под три наслови: Влијанието на кризата; Примери од практиката; и Препораки за политиката.

Ова е втора книшка во серијата книшки на EAPN наречена „Толкувачи“ што се обидува на разбирлив и секојдневен јазик да „објасни“ клучни теми и дебати кои се приоритетни во расправата за сиромаштијата во ЕУ

AntiPOVERTYMAG

Списание на Европската мрежа против сиромаштија
Број 137, II, 2012

AntiPOVERTYMAG

Списание на Европската мрежа против сиромаштија
Број 136, I, 2012

Од осамостојувањето до денес, Република Македонија поминува низ долг и макотрпен процес на општествена транзиција која неповолно влијае врз нејзиниот економски и социјален развој.а.

Во функција на постигнување континуитет и развивање на анализите за сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија, второто издание на Извештајот за сиромаштија и социјална исклученост на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) кој е поддржан од Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ - Истражувачка асоцијација - Скопје (БИМ-ФВ), придонесе за систематско, повеќедимензионално и мултидисциплинарно разгледување на политиките, состојбите и предизвиците во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија кои беа карактеристични за 2011 година.

Во функција на постигнување континуитет и развивање на анализите за сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија, второто издание на Извештајот за сиромаштија и социјална исклученост на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) кој е поддржан од Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ - Истражувачка асоцијација - Скопје (БИМ-ФВ), придонесе за систематско, повеќедимензионално и мултидисциплинарно разгледување на политиките, состојбите и предизвиците во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија кои беа карактеристични за 2011 година.

Овој објаснувач има за цел да даде едноставен вовед во врска со прашањето сиромаштија. Тој првенствено се фокусира на актуелните перспективи за природата и степенот на сиромаштијата, нејзините причини и нејзината поврзаност со нееднаквоста.

Извештајот за сиромаштијата и социјалната исклученост во Р Македонија за 2010 година на МППС излезе од печат на крајот на месец август.

Оваа публикација има за цел да даде јасен преглед на меѓународните норми и стандарди поставени од меѓународното и домашното право за заштита на човековите права во Република Македонија, и е тесно поврзан со остварувањето на Милениумските развојни цели односно напорите кои РМ ги вложува во нивната имплементација.

Оваа публикација ги обработува проблемите и потребите на локално ниво поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија.

Во Македонија вниманието посветено на социјалната инклузија, намалувањето на сиромаштијата, како и почитувањето на разликите и човековите права е навремено бидејќи забрзаниот економски раст ги прави социјалните разлики се по видливи, ранливоста се зголемува заради зголемувањето на цените, социјалните служби сеуште не се реформирани а меѓународната заедница ја признава социјалната инклузија и стабилниот економски раст како дел на агендата за развој на земјата.

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

MPPS MAPP H T 1500

ул. ПРИЗРЕНСКА бр. 50/2. 1000 Скопје, Македонија
++ 389 (0)77 96 36 72
info@mpps.org.mk

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:   facebook  twitter  flikr  youtube  

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната mpps.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)