Понеделник, Октомври 25, 2021
Text Size

ПОВИК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА

Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштијата“ (МППС) е сојуз во кој на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани и поединци, со цел да се намали сиромаштијата преку промоција на социјалната правда, партиципативната демократија, заштитата на човековите права, еднаквоста, недискриминацијата и владеењето на правото.

Ги повикуваме сите заинтересирани здруженија на граѓани, поединци и други форми на граѓанско здружување да ни се приклучат.

Целите на МППС се:

  • Да придонесува кон намалување на сиромаштијата и поттикнување на социјалната вклученост.
  • Развивање на културните, економските, социјалните и други општествени вредности.
  • Развивање силна мрежа во борбата против сиромаштијата.
  • Работа со сиромашни заедници и нивно зајакнување.
  • Промоција на недискриминација и еднаквост за сите.
  • Унапредување на партиципативната демократија.
  • Имплементација на принципите на одржлив развој во нашите активности, со конечна цел да се обезбеди стабилен развој и поквалитетен живот за идните генерации.
  • Застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, сиромаштијата, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата.
  • Подигање на свеста кај општата и стручна јавност за прашања поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост
  • Вклучување на МППС во развиените мрежи за борба против сиромаштијата, на регионално и на европско ниво.
  • Вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливите и на дискриминираните заедници во сите процеси и нивоа на одлучување што ги засегаат нив.
  • Зајакнување на капацитетите на членките на МППС.
  • Спроведување истражувања и анализи на полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, (не)дискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.

Доколку сметате дека нашите заложби се во насока на она што вие го работите, и сакате да пристапите кон МППС, испратете пополнет формулар за членство (кој може да го превземете од https://bit.ly/35084c5) и скенирана регистрација/тековна состојба на здружението, на електронската адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 25.06.2021 година.

 

 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr