Понеделник, Октомври 25, 2021
Text Size

Kонкурс за доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2021 година

Почитувани новинари и фоторепортери,

Повторно сакаме да ви оддадеме признание за вашата работа и посветеност на темите поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, особено во време на пандемијата предизвикана од Ковид 19.

Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) ве повикува да земете учество на конкурсот за доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2021 година. Иако првичната замисла на проектот е да се наградат новинарите кои пишуваат за невидливите, оваа година конкурсот е отворен и за фоторепортерите кои ги прикажуваат невидливите низ своите фотографии.

Ја задржуваме својата уникатност и повторно улогата на членови во жирито ќе ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

„Гласник на невидливите“ е награда која поттикнува и поддржува новинарство „одоздола“, на терен, блиску до граѓаните. Бараме новинари и фоторепортери кои работат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Преку наградите промовираме новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост и поддржуваме известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари и фоторепортери, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Правилата за учество на конкурсот се:

  • Новинарската сторија или фотографија треба да е објавена во периодот 1 февруари 2020 – 1 февруари 2021 година.

  • Објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво.

  • Сторијата или фотографијата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во Македонија.

  • Еден новинар или фоторепортер може да пријави само една сторија или една фотографија. Може да бидат пријавени повеќе стории од иста редакција, но од различни новинари или фоторепортери.

  • Доделените награди, нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.

  • Краен рок за доставување на сториите и фотографиите е 20.04.2021 година.

Сториите или фотографиите треба да се испратат на е-маил  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, заедно со пополнет образец кој може да се преземе на линкот Obrazec_za_prijava_2021.doc . На истиот маил може да добиете и повеќе информации.

 По направениот избор на најдобри стории и фотографии сите новинари и фоторепортери ќе бидат известени за резултатите и поканети на доделувањето на наградите, планирано за крајот на мај.

Активноста е во рамки на проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата.

Ги очекуваме вашите пријави и ве молиме да споделите со колегите.

Со почит,
МППС
NAGRADI_2019-2

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr