Понеделник, Октомври 25, 2021
Text Size

Изјава на ЕАПН за состојбата со вирусот КОВИД 19

Превземи изјава 
Итна, координирана акција е потребна од страна на ЕУ и земјите-членки за соодветна заштита и поддршка на сиромашните, болните и многу ранливите групи.
ЕАПН и нејзините членови се загрижени од ширењето на вирусот Корона (КОВИД-19) низ цела Европа, а особено за неговитесоцијални и економски последици врз луѓето изложени на ризик од сиромаштија и социјална исклученост и нивните семејства, но и на многу ранливите групи. Со оваа изјава ги повикуваме сите влади да ги координираат своите активности во рамките на нивните земји, и низ ЕУ, во борбата за понатамошно спречување на ширењето на вирусот, со цел да се заштити здравјето и животот на нашите граѓани. Ова треба да се направи со големо внимание за состојбата и дополнителните потреби на (по)сиромашните луѓе и нивните семејства, но и за поранливите групи, од аспект на нивната економска, социјална и здравствена состојба, во духот на солидарност и работата кон општото добро. Вирусот Корона, кој беше прогласен за пандемија на 11 март 2020 година од страна на Светската здравствена организација (СЗО), пропорционално најтешко ги погодува најсиромашните и најранливите луѓе и нивните семејства во Европа и пошироко. Во споредба со другите групи во нашите општества и економии, вирусот Корона (КОВИД-19) и мерките за негово ублажување имаат потешки и поштетни ефекти врз работниците со ниска плата и/или приход и нивните семејства, оние кои се во атипична работа и со прекаријатни договори за работа (несигурни работни места, т.е. zero-hour), работни места со низок квалитет или оние кои се невработени или зависат од гарантирана минимална помош. Медицински, вирусов има повисоки стапки на смртност и создава поголеми потреби за хоспитализација за оние што се постари, хронично болни или со здравствени проблеми. Мерките за ублажување на состојбата носат ризик уште посилно да ги погодат нив со зголемениот ризикот од социјална изолација. Постојат многу докази дека пациентите кои страдаат од здравствени проблеми како што се респираторни заболувања, хипертензија или дијабетес се особено ранливи на појава на КОВИД-19. Овие состојби честопати се поврзани со ниските приходи или други димензии на социјална исклученост, како и резултат на неисхранетост, важни здравствени опасности на работните места со ниски приходи или нездрави услови за живеење. На сите овие лица и групи им треба посебна заштита, безбедност и одлучувачки мерки за соодветно и брзо да се реши нивната несигурна економска и / или социјална состојба и да се спречат и намалат сите можни ризици по здравјето. Итна, координирана акција е потребна од страна на ЕУ и земјите-членки за соодветна заштита и поддршка на сиромашните, болните и многу ранливите групи.ЕАПН и нејзините членови се загрижени од ширењето на вирусот Корона (КОВИД-19) низ цела Европа, а особено за неговитесоцијални и економски последици врз луѓето изложени на ризик од сиромаштија и социјална исклученост и нивните семејства, но и на многу ранливите групи. Со оваа изјава ги повикуваме сите влади да ги координираат своите активности во рамките на нивните земји, и низ ЕУ, во борбата за понатамошно спречување на ширењето на вирусот, со цел да се заштити здравјето и животот на нашите граѓани. Ова треба да се направи со големо внимание за состојбата и дополнителните потреби на (по)сиромашните луѓе и нивните семејства, но и за поранливите групи, од аспект на нивната економска, социјална и здравствена состојба, во духот на солидарност и работата кон општото добро.Вирусот Корона, кој беше прогласен за пандемија на 11 март 2020 година од страна на Светската здравствена организација (СЗО), пропорционално најтешко ги погодува најсиромашните и најранливите луѓе и нивните семејства во Европа и пошироко. Во споредба со другите групи во нашите општества и економии, вирусот Корона (КОВИД-19) и мерките за негово ублажување имаат потешки и поштетни ефекти врз работниците со ниска плата и/или приход и нивните семејства, оние кои се во атипична работа и со прекаријатни договори за работа (несигурни работни места, т.е. zero-hour), работни места со низок квалитет или оние кои се невработени или зависат од гарантирана минимална помош.Медицински, вирусов има повисоки стапки на смртност и создава поголеми потреби за хоспитализација за оние што се постари, хронично болни или со здравствени проблеми. Мерките за ублажување на состојбата носат ризик уште посилно да ги погодат нив со зголемениот ризикот од социјална изолација. Постојат многу докази дека пациентите кои страдаат од здравствени проблеми како што се респираторни заболувања, хипертензија или дијабетес се особено ранливи на појава на КОВИД-19. Овие состојби честопати се поврзани со ниските приходи или други димензии на социјална исклученост, како и резултат на неисхранетост, важни здравствени опасности на работните места со ниски приходи или нездрави услови за живеење. На сите овие лица и групи им треба посебна заштита, безбедност и одлучувачки мерки за соодветно и брзо да се реши нивната несигурна економска и / или социјална состојба и да се спречат и намалат сите можни ризици по здравјето.
Домаќинствата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост се најтешко погодени од КОВИД-19 бидејќи имаат помалку ресурси и помалку можности, особено домаќинства со деца, со хронично болни и со инвалидни лица. Домаќинствата со ниски приходи нема да имаат капацитет да управуваат со вонредните трошоци, на пример за нега, поддршка за домаќинството или да ги компензираат училишните оброци кои веќе не им се достапни. Исто така во овие домаќинства дополнителен товар ќе биде ставен на жените, особено мајките на помали деца и/или самохраните родители, бидејќи тие ќе треба да се справат со затворањето на училиштата и образовните институции, обезбедувајќи нега во текот на денот, што ќе резултира со потреба да го намалат работното време или дури и да престанат со работа. Семејствата со постари лица со потреба од долготрајна грижа и помош, особено жените во ваквите семејства, веројатно ќе треба да се грижат за овие лица во нивното семејство, со цел да се избегне изложеноста на старото лице на поголеми групи во групните домовите за живеење, што ќе создаде повисока потреба од неформална грижа.
Сето ова се случува во контекст кога жените во цела Европа се со поголема веројатност од мажите да работат со скратено работно време и/или во сектори како што се образование, услуга, угостителство, грижа и услуги за домаќинства, со голема изложеност на голем број луѓе и/или поголем дел од нив се на несигурни, пониско платени работни места, вклучувајќи и договори за нула час, работа на повик со исплата по час, итн. Работниците во овие сектори и/или работните места, многу често не можат да користат телефонска работа (работа од дома). Тие ќе бидат обврзани да ги користат своите денови за одмор, со ризик да бидат отпуштени, да бидат соочени со намалување на работното време и платата.
Ако не се направи економско усогласување и ублажување на последиците, веќе постоечките нееднаквости во однос на пристапот до здравствениот систем се повеќе ќе се влошуваат. Луѓето кои не работат и живеат со минимален приход веќе се соочуваат со зголемени трошоци и притисоци, без дополнителни ресурси или ресурси дадени под некакваусловеност. Бездомните лица не можат да се самоизолираат и не се советувани. Засолништата (особено ноќните засолништа) често се преполни и претставуваат потенцијален извор за инфекција. Некои засолништа се затворени без алтернативи за нивните жители, а дневните центри се затвораат заради недостаток на волонтери. На пример, во Шпанија, недостатокот на пристап до медицинска, стоматолошка и ментална здравствена заштита, но и на препишани лекови, заради економски причини е три до пет пати поголем кај сиромашните. Ова е дополнително оптоварување на веќе лошата здравствена состојба на посиромашните, вклучително и бездомните лица, што подразбира поголема можност за нив да се заразат со инфективни болести. Постарите лица и лицата кои се идентификуваат во ризичните групи на вирусот заради нивниот здравствен статус, кои често и се во маргинализирана состојба, искусуваат состојба на социјална изолација засилена со мерките за нивна заштита, особено кога контактот меѓу семејствата и постарите лица во домовите за нега е ограничен или намален.
ЕАПН прво презентира предлози за итна акција за заштита на работниците, приходите, семејствата и децата и за зајакнување на нашите здравствени системи, а потоа дава предлози за повеќе долгорочни структурни политики и иницијативи.
Краткрочно и среднорочно делување - Потреба да се заштитат работниците, приходите, семејствата и децата и да се зајакнат нашите здравствени системи.
1. Итна и координирана здравствена акција за спасување животи и минимизирање на влијанието на вирусот Корона
  • Да се обезбеди поддршка за спасување на животите на пациентите, врз основа на медицинска потреба и без никаква условеност.
  • Спроведување на мерки за ограничување кои не издвојуваат посебни целни групи, како што се специфични возрасни групи или етнички малцинства.
  • Да се обезбеди поддршка за да се заштитат најранливите групи, вклучително и пристап до тестирање и здравствена заштита
  • Пред да се појави ризикот по нивното задравје и пред да бидат заразени, да се обезбеди бесплатна превенција и хигиенски производи, како што се маски, нараквици, средства за дезинфекција, сапун, за лицата кои имаат потреба, а не се во можност самите да обезбедат. Да се осигура дека сите граѓани имаат пристап до чиста вода како предуслов за миење раце и можност да ги следат сите совети за превентивно и заштитно дејство.
2. Итна акција за заштита на работниците и обезбедување на соодветен приход
  • Обезбедување на пристап до платено боледување за сите работници, без оглед на статусот на вработување, а кои мораат да бидат социјално дистанцирани или во изолација.
  • Работење заедно со синдикатите и работодавачите за да се заштитат работните места, да се избегнат отпуштања од работа и да се гарантира соодветна социјална заштита и субвенции за плати.
  • Гарантирање и зголемување на гарантираната минимална помош, да може да се справат со дополнителните трошоци, и стопирање на условеноста.
  • Обезбедување на поддршка на приходот на работниците во атипична работа и/или прекаријатно вработување и на оние самовработени кои ги губат работата или приходот поради наметнатите превентивни мерки за спречување на вирусот.
3. Итна акција за заштита на децата и семејствата
  • Обезбедување на бесплатни часови за грижа на децата кои мораат да останат во своите домови заради затворање на училиштата и институтите. Да се зголеми и обезбедувањето на едукативни програми во јавните и приватните медиуми во области каде што училиштата се затворени.
  • Продолжено обезбедување на бесплатни оброци за деца, кои нормално би ги добиле истите во своето училиште или во градинката, но и за возрасните, постари или инвалидни лица кои го имале своето главно јадење во јавни установи или други јавни објекти.
  • Суспендирање на губење на домот поради неплаќање на хипотека и закупнини, доколку причината за ваквото неплаќање може да се припише на економскиот и работниот ефект од оваа криза, како што е предложено од ЕАПН Шпанија (види подолу за повеќе детали).
  • Следење и борба против родово базираното насилство кое може да се зголеми како резултат на долгото престојување во домот и затворањето на објектите или услугите за заштита на жртвата.
4. Охрабрување на активности за ублажување на социјалното влијание на мерките за ограничување врз социјалната изолација и осаменоста, што сама по себе претставува закана за менталното и физичкото здравје.
  • Охрабрување на јавни и приватни услуги, и волонтирање, за да се обезбедат основни услуги и добра, како што е купувањето намирници за групи што се особено затворени, на пример постарите лица.
  • Воведување национални линии за социјална и психолошка поддршка.
ЕАПН исто така, ги повикува европските институции и националните влади да продолжат да работат заедно, надоградувајќиги претходните изјави, со целосно искористување на постојните инструменти за координација на политиките во областа на јавното здравство и превенција на болести со цел да се изгради „сеопфатна стратегија за спречување на инфекции, спасување на животи и минимизирање на импактот“, како што е наведено од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, и да се загарантира дека приоритетни, заштитени и поддржани се најранливите, вклучително и бездомните лица, недокументираните мигранти и сл. Ова е единствениот начин за справување со сериозните прекугранични закани за јавното здравство кои произлегуваат од заразни болести како што е КОВИД-19 за кој што ЕУ е овластена со член 168 ТФЕУ. Акцијата на ЕУ е насочена кон подобрување на јавното здравство кое ќе ги надополни националните политики вклучувајќи „борба против најголемите здравствени злапреку промовирање на истражувањето за нивните причини, нивно пренесување и превенција, како и здравствени информации, едукација, следење, рано предупредување и борба против сериозни прекугранични закани по здравјето“. ЕАПН ги повикува сите членки на ЕУ да покажат практична солидарностедни со други во наредните недели и месеци за да се обезбедат лекови, медицинска инфраструктура, комплети за тестирање, лична заштитна опрема за здравствените работници и сите работници во здравството и социјалната заштита, лабораториски капацитети и техничка експертиза во земјите и регионите каде што им се најпотребни.Исто така, треба да има целосна соработка во развојот на вакцините и медицинските третмани.
Долгорочна акција - Повик за приоритетни инвестиции во универзални јавни здравствени услуги
Избувнувањето на КОВИД-19 уште еднаш јасно стави до знаење дека во среднорочна и долгорочена перспектива треба да се интензивираат напорите на сите национални влади за да се загарантира и обезбеди пристап до квалитетна, достапна или бесплатна здравствена заштита за сите Европејци:
  • Јавната политика за здравствените системи не само што треба да ги земе предвид социјалните детерминанти на здравјето, благосостојбата и здравствените нееднаквости, туку и истите треба да бидат дизајнирани на начин да ги намалуваат ефикасно.
  • Целта на обезбедување пристап до квалитетна здравствена заштита ќе бара инвестиции во универзални системи за јавно здравје кои се добро опремени и имаат соодветен број на квалификуван персонал. Краткорочните договори и несигурните работни места во здравствениот сектор не само што се контрапродуктивни, туку и го загрозуваат капацитетот на нашите здравствени системи за справување со итни случаи како што е појава и ширење на КОВИД-19
  • Постојат огромни докази од последните две децении кои покажуваат дека само здравствените услуги кои работат во општ интерес, т.е. обезбедуваат достапни и пристапни услуги и овозможуваат активно извршување на целите на јавното здравство, ефикасно ќе ги штитат, третираат и ќе се грижат за посиромашните луѓе и нивните семејства, како и за оние со посложени здравствени и социјални потреби.
  • Европската комисија посочи дека еднократните трошоци за итни активности поврзани со КОВИД-19 ќе бидат исклучени од правилата за јавна потрошувачка и за долг. ЕУ земјите членки треба да имаат можност за среднорочно прилагодување на нивното трошење во поддршка на добро функционирање на системите за јавно здравје, што го подразбира и релаксирањето на Пактот за стабилност и раст. Оваа флексибилност, исто така, треба да се однесува и на трошоците за обезбедување плати на болните, за плаќања кои ќе спречат за и / или контра-отпуштања, како и дополнителна финансиска поддршка на семејствата.
Ова е најголемата криза со која се соочува Европа и светот по финансискиот крах во 2008 година. Одговорот на Европа на последната криза доведе до декада на штедење и над 120 милиони луѓе во Европа живеат во ризик од сиромаштија. Владите и институциите имаат можност да следат друг курс сега - тие мора да одговорат на оваа пандемија преку пристапот базиран на почитување на човековите права, да стават приоритет на луѓето над профитот и конкретно да се фокусираат на потребите на загрозените групи. Европа може и мора да излезе од оваа криза посилна. Одлуките донесени во наредните недели ќе бидат клучни во обликувањето на иднината на Европа.
EUROPEAN ANTI-POVERTY NETWORK, www.eapn.eu
Оргиналната изјава, на англиски јазик, е достапна на https://www.eapn.eu/eapn-statement-on-covid-19/

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr