Понеделник, Октомври 25, 2021
Text Size

Награди за новинари кои пишуваат за невидливите 2020

Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) и оваа година распишува конкурс за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“ .

Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.

Да не зборавиме дека она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

ВАЖНО:

  • Новинарската сторија треба да е објавена во периодот 1 февруари 2019 – 1 февруари 2020 година.
  • Објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво.
  • Сторијата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во Македонија.
  • Еден новинар може да пријави само една сторија. Може да бидат пријавени повеќе стории од иста редакција, но од различни новинари.
  • Доделените награди, нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.
  • Краен рок за доставување на сториите е 01.02.2020 година.

Сториите треба да се испратат на е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, заедно со пополнет образец кој може да се преземете од ТУКА .

На истиот маил може да добиете и повеќе информации поврзани со наградите.

По направениот избор на најдобри стории сите новинари ќе бидат известени за резултатите и поканети на доделувањето на наградите кое ќе се случи кон крајот на месец март.

NAGRADI_2019-2

Активноста е во рамки на проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата.

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr