Понеделник, Јули 24, 2017
Text Size

ЧЛЕНСТВО

Македонска платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на  здруженија на граѓани и  поединци кои се здружени со цел со цел промивирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Сите ние, членки на МППС ја делиме визијата за Република Македонија како општество на благосостојба, остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно владеење. За таа цел, нашата платформа ќе настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности. Воедно, нашата мрежа ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни институции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности.

Членството во Македонската платформа против сиромаштијата/Платформата против сиромаштијата на Македонија е отворено за сите оние што сакаат да придонесат за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, ја делат нашата мисија и визија и   се гледаат себеси како двигател за промена. Затоа, ги повикуваме сите граѓански организации и заинтересирани поединци да ни се приклучат во нашите напори за адресирање на сиромаштијата, социјалната исклученост, дискриминацијата и кршењето на човековите права и основни слободи и на тој начин да ја зајакнат нашата платформа заради остварување на заеднички утврдените задачи и цели.

Доколку сметате дека нашите заложби се во насока на она што вие го работите, и сакаде да да пристапите кон МППС доволно е да ни се обратите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и да ја изразите својата заинтересиранот да пристапите кон платформата како и да го побарате формуларот за прием на нови членки, или директно превземете го формуларот на линкот:

 

Здруженија членки на МППС:

Поединци членови на МППС:

  • Воислав Груевски
  • Деница Шошолчева
  • Ивана Павловска
  • Јагода Иљов
  • Јована Димушевска
  • Оливер Васевски
  • Петранка Делова Миладинова

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr