Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Што е нееднаквост

За разлика од сиромаштијата, која се концентрира на оние кои се на самото општествено дно, нееднаквоста покажува како ресурсите се дистрибуирани во однос на целото население. Нееднаквоста ги отсликува разликите меѓу просечните примања, меѓу примањата на богатите и сиромашните и е показател за тоа колку успешно секоја земја го дистрибуира тоа што го произведува. Генерално, земјите со висока стапка на нееднаквост имаат и повисока стапка на сиромаштија. Од ова произлегува дека проблемот со сиромаштијата е фундаментално поврзан со дистрибуцијата и редистрибуцијата на ресурсите во една земја.

Како се мери нееднаквоста?

Нееднаквоста во приходите во ЕУ обично се мери на два начина: односот С80/20 и Џини коефициентот.

Односот С80/С20 е однос на вкупниот приход остварен од страна на 20% од населението кои имаат највисоки примања со вкупниот приход на 20% од популацијата која прима најниски приходи. Колку овој однос е поголем, толку е поголема нееднаквоста.

Џини коефициентот ја зема предвид целокупната дистрибуција на приходите, а не само најниските и највисоките 20% од нив. Тоа е техничка формула која ја открива врската меѓу кумулативните давачки на популацијата подредени според нивото на приходи и кумулативните примања од нив. Кога би постоела совршена еднаквост (сите во општеството да имаат исти приходи) тогаш овој коефициент би бил 0%. Ако пак сите национални приходи би стигале до рацете на една единствена личност, когаш коефициентот би бил 100%. Колку е поголем коефициентот - поголема е нееднаквоста во таа земја.

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr