Понеделник, Јули 24, 2017
Text Size

Структура на МППС

 Собрание

 Составено од претставници на сите организации членки. Собранието ги поставува насоките за сите политики на МППС и ги усвојува годишните финансиски планови и извештаи.

 Претседател

Претседателот е задолжен за претставување и застапување на МППС на надворешни средби и во целокупниот правен промет со трети лица.

Претседател на МППС 

Билјана Дуковска

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 Извршен одбор

Извршно тело на МППС 

Извршниот одбор  е извшно тело на МППС ги спроведува заедничките политики и ставови утврдени од Собранието, одлучува за стекнување и располагање со средствата на МППС и е одговорен за спроведување на сите проектни активности на МППС.

Членови на Извршниот одбор на МППС се:

  • Билјана Дуковска
  • Дивна Змејковска
  • Љатифе Шиковска
  • Елена Нешовска
  • Зоран Биковски
  • Маја Балшиќевска
  • Елена Јовановска
  • Драган Димовски
  • Емилија Цветковска
 Надозрен одбор

 

Надзорниот одбор ги врши следниве работи: увид во финансиското работење на МППС, анализа и контрола врз финансиските извештаи на работните тела и органи на МППС,контрола врз наменското користење и располагање со средствата на МППС, укажува на неправилности со кои и се причинува материјална штета на МППС

Членови на Надзорниот одбор на МППС се:

  • Петранка Делова Миладинова
  • Јагода Иљов
  • Ерол Адемов
  • Владимир Илиевски
  • Зорица Димовска
 Секретаријат

Секретаријатот претставува извршна канцеларија за поддршка на органите на МППС.

За Секретаријат може да се номинира било која членка на Собранието на МППС.

Секретаријатот го избира Собранието на МППС со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членки. Мандатот на Секретаријатот е 4 години, со право на повторен избор.

Секретаријатот на МППС ги врши следните работи: Врши редовно известување на членките за активностите на МППС, идентификува можности за финансирање на МППС, учествува во спроведувањето на стратешкиот план, годишна програма за работа и други акти усвоени од Собрание на МППС, учествува во подготовката и спроведувањето на проекти во интерес на членките на МППС, ги координира активностите на членките на МППС при спроведувањето на заеднички иницијативи и проекти, организира работни групи за поднесување на заеднички иницијативи од страна на членките на МППС, поднесува годишен извештај за својата работа до Извршен одбор, Надзорен одбор и Собранието на МППС.

Секретаријат на МППС е Здружението „Хуманост“ од Скопје.

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 Работни групи

Работните групи се формирани во рамките на следните приоритетни области на делување на МППС:

  • Човекови права и недискриминација,
  • Економски развој и социјална вклученост,
  • Образование,
  • Жени и родова еднаквост,
  • Деца и млади,
  • Роми и етнички малцинства,
  • Домување,
  • Здравство,
  • Стари лица,
  • Лица со посебни потреби,
  • Институционален развој.

Работните групи претставуваат форуми за размена на знаења, мислења и ставови, како и форми на соработка помеѓу членките на МППС за адресирање и решавање на прашања од заеднички интерес.

Основна цел на работните групи е обезбедување експертска поддршка на Извршниот одбор во подготовка на предлог-проекти од заеднички интерес на членките на МППС. Работните групи имаат флексибилна структура и начин на делување, што дозволува формирање ад хок работни подгрупи за адресирање и решавање на посебни прашања во рамките на горенаведените приоритетни области на делување на МППС. Предвидено е работните групи да одржуваат редовни состаноци според однапред утврдена динамика, а по потреба да можат да комуницираат и по пат на електронска пошта или друг вид на интернет комуникација.

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr