Недела, Јануари 21, 2018
Text Size

Предизвици и проблеми на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација

1

Нејасни процедури, шетање од шалтер на шалтер, непрофесионален однос на вработените како и доцнење на исплатите за социјална помош и додаток – ова се проблемите на кои граѓаните се жалат кога треба да добијат јавна услуга.


Осумдесет и два проценти од граѓаните одговориле дека не се задоволни од јавната администрација, задоволни се само 18 проценти, а повеќе од половина рекле дека за да завршат работа мора да фаќаат врски. Најтешко достапни јавните услуги се за социјално ранливите граѓани. Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на невладините Евротинк и Платмофрма за сиромаштија - пренесува ТВ 24


Најголемо е незадоволството во здравството. Анкетираните граѓани одговориле дека Брзата помош не реагира ако станува збор за лице над 65 годишна возраст, државните болници не сакаат да го згрижат пациентот и одбиваат да го оперираат, а и покрај трајни здравствени состојби ситемот бара граѓаните посотојано да ги обновуваат и да ги приложуваат документите што ги чини време и пари.


„Ако одите поединечно и прашувате колку се задоволни, најмногу се задоволни од услугите кои ги нуди МВР, односно патните исправи, а најмалку задоволни од центрите за социјална работа. Ова укажува дека колку повеќе граѓаните ги користат услугите, толку се посредени во државата.“ - вели Дијана Жупановска – Центар за европски стратегии „Евротинк“.


Тв Телма по презентацијата на истражувањето се обиделе да спроведат и “он спот анкета“. Речиси сите кои дошле во Центарот  за социјална работа, одбиле да бидат снимани, но сите  потврдиле дека не успеале да ја завршат работата по која дошле.  Ова според Телма само ги потврдува информациите на истражувањето на Евротинк, дека само 18 одсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација, како и дека најмалку се задоволни од работата на Центрите.


Македонската телевизија пак пренесува дека истражувањето им беше презентирано на претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, а понатаму планирано е да се оди до надлежните министерства со цел да се посочат проблемите содржани во него.


НОВА ТВ ја пренесува изјавата на Диана Жупановска, во која таа истакнува дека 63 отсто од граѓаните сметаат дека за да добијат некоја услуга од јавната администрација потребно е да имаат врски. – Сето тоа укажува на клиентелистичкиот однос и недостапноста на услугите за сите граѓани.


Канал 5 потенцира дека “пријатели и мито“  може да ви завршат работа.


Радио Слободна Европа, исто така пренесува дека  клиентелистичкиот однос и недостапноста на услугите за сите граѓани се должи пред се на недостигот на финасиски и човечки ресурси“


Телевизија Сител пренесува дека извештајот лоцира дека најголем проблем имаат оние кои се неуки или обесправени и при тоа се ограничени да си ги бараат своите права. Здравствените услуги или она што им следува како право во сферата на социјалната заштита се едни од најкритичните, бидејќи во таа категорија најчесто се најсиромашните и најранливите категории, вели таа.


Сите информации во медиумите поврзани со темата - ТУКА


Фотографии од настанот ТУКА 


За да го превземете извештајот на Македонски кликнете ТУКА 


За да го превземете извештајот на Англиски кликнете ТУКА 

 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr