Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Придонесот на значајните социјални иновации за намалување на сиромаштијата

Во моментов Европа се соочува со тренд на зголемување на сиромаштијата и социјалната ексклузија, како и влошување на животните услови. Околу 125 милиони луѓе се во ризик од сиромаштија или социјална ексклузија во ЕУ, што е еднакво на 24,8% од вкупното население (Еуростат, 2014:27). Во врска со ова, ЕУ сé повеќе се оддалечува од целта за намалување на сиромаштијата според стратегијата Европа 2020, бидејќи дополнително имало околу 6,2 милиони луѓе кои живееле во ризик од сиромаштија или социјална ексклузија во 2012 год. повеќе отколку две години претходно, кога беше усвоена целта. Подеднакво, класичните инструменти за социјална заштита кои се борат против сиромаштијата и социјалната ексклузија многу се влошени со мерките за штедење, додека се апелира дека постои зголемена загриженост за нивната ефикасност.

Социјалните иновации постепено станаа многу значајни во рамката на политики на ЕУ, делумно како одговор на мерките за штедење, бидејќи интересите на владите за ограничување на јавниот долг и потрошувачката преку зголемената приватизација и либерализација на социјалните услуги, а и делумно како свесност дека на старите решенија им се потребни нови алтернативи (и пазарни и владини), како и фактот што теренските организации се добро позиционирани за развивање на ваквите пристапи.

Во овој контекст, НВО за борба против сиромаштијата треба повеќе да се вложат за оние социјални иновации кои промовираат социјална инклузија и кои придонесуваат за намалување на сиромаштијата, отколку на иновации по секоја цена, или дури за нови решенија кои всушност би можеле да ја зголемат сиромаштијата, проблемите и маргинализацијата на терен.

Публикацијата можете да ја превземете на линкот:

 Придонесот на значајните социјални иновации за намалување на сиромаштијата 

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr