Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Гласот на граѓаните

Создавање ангажираност на засегнатите страни за ефикасно донесување одлуки

Денес кредибилноста на ЕУ и борбата против сиромаштијата се соочуваат со сериозна криза: ЕУ и земјите-членки воопшто не ја исполнуваат целта на стратегијата Европа 2020 (за спас на најмалку 20 милиони луѓе од ризикот од сиромаштија), напротив, дополнително, повеќе од 8 милиони луѓе се наоѓаат во состојба на ризик од сиромаштија! Отутка неопходно и итно е ефикасното спроведување на стратегијата Европа 2020 и политиката за борба против сиромаштијата.

ЕАПН верува дека развивањето ефикасни политики за борба против сиромаштијата многу зависи од поставувањето вистински прашања и изнаоѓањето вистински одговори. Ова подразбира практикување на ефикасниот партиципативен процес што може да ја зголеми експертизата и знаењето на сите клучни актери.

Затоа се клучни размислувањата и решенијата кои директно доаѓаат од луѓето што директно живеат во сиромаштија. Редовниот дијалог и вклученоста со граѓанското општество сепак не е суштинско за постигнување на позитивни политички решенија, но е неопходно за обезбедување одговорност и легитимитет за владините политики.

Публикацијата можете да ја превземете на линкот:

 ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ 

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr