Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Социјална заштита во Република Македонија: Како до систем по мерка на секој граѓанин

Со задоволство ве информираме дека во првата фаза од проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” изработивме документ за јавна политика на тема „Социјална заштита во Република Македонија: Како до систем по мерка на секој граѓанин” со која предлагаме измени во Законот за социјална заштита и реформа за подобрување на наеговата функционалност.

Документот беше изработен во периодот јуни – октомври 2016 година и опфати секундарна анализа на податоци и теренско истражување на тема „Редефинирање на улогата и функцијата на социјалната парична помош во намалување на сиромаштијата во Република Македонија“. 

За истражувањето беа ангажирани теренски истражувачи од нашите организации членки:

  1. Љатифе Шикоска, Центар за интеграција – Амбрела, Скопје
  2. Билент Ќазимоски, РОМА СОС, Прилеп
  3. Елвис Ковачов, КХАМ, Делчево
  4. Ибадетка Цупеска, Ромски центар Састипе Здравје, Берово
  5. Јовица Димитријевски, Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје
  6. Сара Ајдини, МОФ, Скопје
  7. Маја Петровска, МОФ, Тетово
  8. Борјанчо Мицевски, Регионален центар за одржлив развој, Кратово
  9. Стефан Зивосовски, ЗОРБЕЕКС, Скопје
  10. Димитар Илчов, Центар за општествени истражувања и развој - Призма , Скопје
  11. Оливера Доцевска, Јустиција, Куманово
  12. Зизо Љамковски, Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21, Ресен
  13. Николина Николовска, Хера, Скопје
  14. Мартина Костовска, Порака Наша, Куманово

Автори на документот се Билјана Дуковска, Сашко Јованов и Рубин Аризанкоски.

Се надеваме дека креаторите на политики и донесувачите на одлуки ќе ги имаат во предвид нашите препораки во своето работење.

Ние продолжуваме со активностите од втората фаза од проектот и очекуваме дека до крајот на следната година ќе успееме да ги видиме резултатите, односно да добиеме поквалитетен Закон за социјална заштита.

Публикацијата можете да ја превземете на линкот:

 Социјална заштита во Република Македонија: Како до систем по мерка на секој граѓанин 

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr