Понеделник, Јули 24, 2017
Text Size

Сиромаштијата кај млдите и социјалната ексклузија во Европа

eapn-logo Состојбата со младите од Европа на пазарот на трудот е една од најдебатираните теми, каде стапките на невработеност достигнуваат и до 23,4% во 2013 год. ( ЕУ-28, Еуростат) и повеќе од 55% во земји како Грција и Шпанија. Таа претставува приоритет и за владите и за Европската Унија за итно разрешување на проблемот. Но, постои една не толку позната бројка што нé запрепастува: Во 2012 год. 29,7% од младите мажи и жени во Европа биле погодени од сиромаштија и социјална ексклузија. (ЕУ-28, Еуростат, 2012).
Но, главните случувања и на национално и на европско ниво налагаат воведување на еден потесен пристап кој ќе се сосредоточи претежно на вработувањето и интеграцијата на пазарот на трудот. Други горливи проблеми како: сиромаштијата кај младите, социјалната ексклузија, дискриминацијата, бројните пречки со кои се соочуваат младите мажи и девојки, пристап до услугите, правата на младите и еманципацијата и социјалното учество не се сметаат за приоритетни, а некогаш на нив воопшто не се ни обрнува внимание при креирањето на политиките. Најголемото богатство и надеж за подобра иднина на Европа се младите луѓе, не само младите работници.
 Превземете - Сиромаштијата кај млдите и социјалната ексклузија во Европа
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr