Вторник, Септември 19, 2017
Text Size

Зајакнување на учество на луѓето кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост во внатрешнaта и надворешната работата на МППС

МППС во 2014 година, започна да работи на системот на оценување на членство и поддршка (MASS). Со самото започнување на овој стратешки документ ние воедно заклучивме дека во моментот ние немаме луѓе кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост кои се директно вклучени во тела, ниту во работни групи за донесување одлуки. Единствената прилика да овие луѓе се видливи се годишните ПЕП конференции.

МППС одлучи да се посвети оваа година во охрабрување на луѓе кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост да се вклучат во процесот на донесувањето одлуки и политики , како волонтери или активисти во проекти, да лобира или да учествуваат во активности за подигање на свеста за МППС.

Крајната цел на овој проект е да се вклучат 5 луѓе со директно искуство на сиромаштијата во структурите и активностите на МППС..

Глани активности:
1. Реализација на 8 регионални средби со членките на МППС
  • широк консултативен процес за важноста на директно вклучување на лицата кои живеат во социјален ризик и сиромаштија.
  • идентификување на тематски приоритети за лицата кои живеат во сиромаштија
  • важноста на граѓанската партиципација при донесувањето на одлуки
2. Номинирање на лица кои би се вклучиле во работата на МППС.
  • преку отворен повик.
3. Селекција и обука за јакнење на капацитетите за вклучување во МППС на сиромашни
  • критериуми и комисија за селекција
  • обука на 20 селектирани лица
  • избор на најдобри 5 лица
4. Работни средби за креирање на неопходните документи
  • на средбите ќе присуствуваат 5 лица номинирани од организациите на МППС
  • членови на ИО, НО и Секретаријат
  • ќе бидат изготвени 3 клучни документи и тоа:
  • МАНИФЕСТ за социјално вклучување на лицата кои живеат во сиромаштија
  • РЕВИЗИЈА на Статутот и Етичкиот кодекс на МППС (преку вклучување на елементи за партиципативност на ранливите групи
  • СТРАТЕГИЈА за лобирање за директно вклучување на социјално исклучените и сиромашни лица при донесување регулатива која се однесува на нив
5. Завршна средба за презентација на креираните документи
  • 2-ца претставници од ЕАПН Србија.
6. Вклучување на 5-те лица кои го поминаа процесот на зајакнување во рамките на мрежата:
  • членство во органите кои донесуваат одлуки - ИО и НО
  • во работните групи/помошните тела на МППС - Етички комитет
  • директна работа со МППС - во секретаријатот
  • во проектните активности - младинска програма

На овој начин лицата ќе може директно да учествуваат во работата на МППС и истовремено да учат, но и да бидат гласот на МППС.

Проектот започнувa на 01.06.2015, а завршува на 31.12.2015 година.  

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr