Вторник, Септември 19, 2017
Text Size

МЛАДИНСКА ПРОГРАМА за работа на МППС за период 2014-17 год.

 Вовед
Македонската платформа против сиромаштија започна да работи кон креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа преку повеќе секторски пристап. Поаѓајќи од потребите и интересите на младите, МППС ќе работи на унапредување на младинското организирање, утврдување на мерки и препораки поврзани со младите и младинските активности, зајакнување и учество во јавниот живот на младите и нивно информирање на сите нивоа.
 Учество на младите

Поради големиот интерес кај младите за учество во активностите на организацијата, МППС од 2014 година започнува да делува и во полето на младите. Како организација која работи со млади, МППС ќе им понуди на младите вклучување во своите активности, можност за активно учество на меѓународни младински размени, тренинзи, кампови и конференции кои платформата ги промовира или директно учествува како организатор, со цел нивно лично надградување и здобивање со вештини за зголемување на компетентноста при вработување и учество во процесите на донесување одлуки.

МППС преку своите активности детектираше неколку клучни причини за маргинализација на младите и тоа:

Интергенерациски пренос на сиромаштија, економската маргинализираност која води до социјално исклучување, партизација на образованието и младинските совети на локално ниво и неразвиен систем кој ќе понуди миниум мерки за поттикнување на вработеноста на младите.

Покрај овие клучни проблеми МППС ќе се залага за обезбедување на еднакви можности на малдите луѓе на пазатор на труд и намалување на младинската невработеност со воведување на Младинска гаранција во Р.Македонија.

 Што е Младинска гаранција?

Младинска гаранција е модел кој ќе им овозможи на младите да добијат квалитетни понуди за вработување, натамошно образование, практиканство или дообука во рок од четири месеци откако ќе станат невработени или откако ќе го напуштат формалното образование.

МППС ќе работи на воведување (развивање) на шемите за Младинска гаранција во Македонија преку следните мерки:

  • Развивање на практиканството и дообука, подобрување на условите за работа и еднаков пристап за сите млади, поддршка на работодавачите за отварање на нови работни места за младите, поголеми субвенции и подобри услови за самовработување.
 Стратешки цели
  • Поттикнување на социјалната интеграција и вработување на младите маргинилизирани луѓе во Македонија
  • Воведување на шеми за Младинска гаранција во Р.Македонија
 Општи цели
  • Поставување основа за поголема социјална интеграција на маргинализираните групи на млади во општеството и подобрување на условите за вработување
  • Подигање на свесноста кај општата и стручната јавност за прашања поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост кај младите
  • Вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво
  • Искоренување на интергенерацискиот пренос на сиромаштијата
Координатор на програмата: Сашко Јованов

Контакт: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

                Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr