Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

Играта продолжува...

Играта продолжува... Бидејќи традиционално периодот околу Нова година се поврзува со благосостојба и подароци, Здружение за зелено општество – Гринер и Македонската платформа против сиромаштија (МППС) реализираат активност „Играта продолжува...“ - акција за собирање на употребени играчки (и боички, боенки, книги или украси за деца) и нивна донација на деца кои живеат во сиромаштија или се социјално исклучени.

Акцијата започнува викендов, 15 и 16 декември, пред Дом на АРМ во Скопје, од 10.00 до 15.00 часот. Во периодот од 17 до 21 декември акцијата ќе се спроведува во основните училишта и градинки во општините:

  • Аеродром, лице за контакт Билјана Дуковска, моб: 078 319 540
  • Гази Баба, лице за контакт Мери Павловска, моб: 078 306 668
  • Центар, неколку локации во општината за кои дополнително ќе ве информираме, лице за контакт Катерина Димеска, моб: 078 340 143
  •  Битола, партнер организација Биосфера ул.Димо Хаџи Димов бр.3, лице за контакт Нешат Аземовски, моб: 071 578 060.
  • Струмица, партнер организација Продолжен живот ул.Ленинова бр.14-11/7, лице за контакт Весна Петкова, моб: 076 906 791.
  • Тетово, партнер организација МОФ Тетово ул. Јане Сандански бр.48/7, лице за контакт Маја Петровска, моб: 078 220 801.

Оваа предновогодишна активност е во духот на солидарноста, а во согласност со целите на Македонска платформа против сиромаштија (МППС) и во поддршка на мисијата на Гринер.

Здружението за зелено општество - Гринер, членка на платформата, но првенствено здружение кое го промовира зеленото живеење, чувствува обврска да укаже на можностите кои ги нуди одговорното управување со отпад и како истото може да придонесе во намалувањето на сиромаштијата. Проблемот на детската сиромаштија и неможноста на голем број на семејства да ги задоволат основните животни потреби, а за секундарни потреби (како што се играчките) воопшто не станува збор, е идентификуван во досегашната работа на МППС. Затоа апелираме за поддршка во напорите за реупотреба на ресурсите и продолжување на употребниот век на детските играчки .

Сите детали ќе бидат дистрибуирани преку http://www.facebook.com/mppsmk

и настанот креиран за оваа намена http://www.facebook.com/events/398197786925696/.

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr