Вторник, Септември 19, 2017
Text Size

Публикација - Извештај за сиромаштијата и за социјалната исклученост во Република Македонија за 2011 година.

Во функција на постигнување континуитет и развивање на анализите за сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија, второто издание на Извештајот за сиромаштија и социјална исклученост на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) кој е поддржан од Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ - Истражувачка асоцијација - Скопје (БИМ-ФВ), придонесе за систематско, повеќедимензионално и мултидисциплинарно разгледување на политиките, состојбите и предизвиците во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија кои беа карактеристични за 2011 година.

Овој, втор по ред Извештај, се стреми да даде поинаков фокус во анализата на состојбите од Извештајот во 2010 година, преку регионална анализа на состојбите со сиромаштијата и социјалната исклученост во РМ. Ваквиот пристап овозможува проценување на степенот на социјалната кохезија меѓу регионите во Македонија, како и идентификација на разликите меѓу ранливите групи согласно со локалитетот на живеење. На тој начин, Извештајот претставува еден од полезните ресурси за обележување (мапирање) на регионалните состојби и предизвици во соочувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост и неопходен чекор во изготвувањето на локалните стратегии и акционите планови.

Главна цел на Извештајот за сиромаштија и социјална исклученост-2011 е да направи процена и анализа на трендовите, политиките, институционалните капацитети, ранливите групи и предизвиците во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост, согледана во различни општини, односно региони во Република Македонија.

Публикацијата може да ја превземете од подолните линкови:


Превземете МКД
Download ENG
Izvestaj2011-MKD
  Izvestaj2011-ENG
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr