Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

Извештај за Втора конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

Втората конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална ислкученост со поддршка на Институтот за човекови права Лудвиг Болцман и Австриската развојна соработка ( АДА) се одржа во Хотел Порта на 29.09.2012 во Скопје. На Втората конференција присуствуваа 150 учесници споделувајќи ги своите искуства во една од четирите групи:

  • Социјална заштита
  • Здраствена заштита
  • Невработеност
  • Родова еднаквост

Секоја од групите имаше координатор кој што предходно беше избран од страна на МППС и Институтот за човекови права Лудвиг Болцман.

Целта на оваа конференција беше ревизија и дополнување на Декларацијата донесена на Првата конференција на лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост која се одржа во 2011 година и беше креирана од 120 учесници на оваа конференција и истата беше предадена на Министерството за труд и социјална политика.


 Превземете - Декларација на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

Специфичните барања во самата Декларација беа насочени кон спроведување на усвоените национални стратегии на координиран и ефикасен начин, обезбедување на подобри и подостоинствени услови за живот на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, преземање на одлучни чекори во реформирањето на националните политики и законодавство кои само ги зголемуваат постоечките предизвици со кои се соочуваат ранливите и маргинализирани социјални групи, како и следење на моделот на ЕУ за користење на благодетите кои ги нуди едно социјално инклузивно општество.

Оваа година на конференцијата присуствуваше и Јасмина Круниќ претставник од Српската платформа против сиромаштија исто така членка на Европската платформа против сиромаштија( ЕАПН)

ВИДЕО прв дел > http://youtu.be/XVRpO30OvOE
ВИДЕО втор дел > http://youtu.be/xNgaBicbbiI
ФОТО > ГАЛЕРИЈА

 

Хуманитарен јавен настан „Од сиромашни за сиромашни“

Во вториот дел од конференцијата беше организиран хуманитарен јавен настан „ Од сиромашни за сиромашни“ кој се одржа на плоштад Македонија од 18:00 до 22:00 часот во соработка со уличните уметници и артисти.

На овој хуманитрен јавен настан беа собрани 11.002 денари и беа донирани на организацијата Лице в Лице за јакнење на капацитетите на лицата кои го продаваат уличното списание Лице в Лице, а се од марганилизираните групи.

Повеќе информации на : http://www.liceulice.org/

ВИДЕО > http://youtu.be/jGs6jCPDAz8
ФОТО > ГАЛЕРИЈА

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr