Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

Промоција на Годишниот Извештај за сиромаштија и социјална исклученост во Р.М за 2011 година.

Промоцијата на Годишниот извештај за сиромаштија и социјална исклученост, ќе се одржи на 16.10.2012 година во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, со почеток во 11ч.

Процесот на подготовка на Годишниот извештај за сиромаштија и социјална исклученост (2011), беше поддржан од Институтот за човекови права ‘’Лудвиг Болцман’ - Истражувачка асоцијација Скопје (БИМ-ФВ).

Годишниот извештај за сиромаштија и социјална исклученост 2011 имаше за цел да направи процена и анализа на политиките, трендовите и предизвиците и состојбата на ранливите групи во доменот на сиромаштија и социјална исклученост, согледана во различни региони во Македонија.

Во фокусот на извештајот се следниве општини:

  • Штип (Источен регион),
  • Струга (Југозападен регион),
  • Струмица (Југоисточен регион),
  • Прилеп (Пелагониски регион),
  • Гостивар (Полошки регион),
  • Куманово (Североисточен регион),
  • Велес (Источен регион) и
  • Кисела Вода (Скопски регион).

 

Во подготовката на Извештајот преку експертски интервјуа беа опфатени претставници на: Локалната самоуправа (комисиите за социјална и детска заштита), претставници на Центрите за вработување, претставници на Центрите за социјална работа (одделот за социјална парична помош).

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr