Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ - Втора конференција на лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

На 29.09.2012 од 10:00 до 15:00 часот во Хотел „Порта“ општина Аеродорм, Македонската платформа против сиромаштија (МППС), во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Скопје, ќе ја одржи Втората конференција на лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост.

Целта на оваа конференција e МППС да го привлече вниманието на јавноста за тешките услови во кои живеат и проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, а воедно на самата конференција ќе се ревидира и дополни првата Декларација на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, која беше подготвена за време на Првата конференција која ја организираше МППС и лично доставена до Министерството за труд и социјална политика.

Специфичните барања во самата Декларација беа насочени кон спроведување на усвоените национални стратегии на координативен и ефикасен начин, обезбедување на подобри и подостоинствени услови за живот на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, превземање на одлучни чекори во реформирањето на националните политики и законодавството кои само ги зголемуваат постоечките предизвици со кои се соочуваат ранливите и маргинализирани социјални групи, како и следење на модулот на ЕУ за користење на благодетите кои ги нуди едно социјално инклузивно општество. 

Прес конференцијата за медиуми е закажана во 12:30 часот во Хотел Порта, општина Аеродорм.

Исто така би сакале да ве информираме дека МППС во соработка со Уличните уметници во рамки на конференцијата ќе организира и хуманитарен јавен настан под мотото „Од сиромашни за сиромашни“ со почеток од 18:00 до 22:00 часот на плоштад Македонија пред ресторант Пелистер.

Средствата кои ќе бидат обезбедени од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за јакнење на капацитетите за развивање на продажни и комуникациски вештини на лицата од маргинализираните групи, а воедно се и продавачи на уличниот магазин „Лице в лице“, кој е дел од регионалната платформа „Лице в лице“ и Центар за медиумски активности (ЦМА), озбедувајќи им на тој начин подобар и поквалитетен живот на оваа категорија на граѓани.


Лице за контакт

Сашко Јованов
Е-меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
моб: 077 963 672

 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr