Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

Македонската платформа против сиромаштија (МППС), преку ова соопштение ја известува македонската јавност, дека ја дава својата јавна поддршка на протестите против поскапувањата, кои се организирани од граѓанската иницијатива АМАН.

За МППС во која членуваат 69 здруженија на граѓани, барањата на граѓанската иницијатива АМАН се легитимни а воедно и издржани и со таа причина ги повикуваме сите наши членки и граѓани на Република Македонија, да се приклучат на протестите организирани од Г.И АМАН секој Вторник во 18:00 часот пред регулаторна комисија и да ја дадат својата поддршка.

МППС сојуз на 69 здруженија на граѓани кои се здружени делејќи ја истата визија и мисија, а тоа е промовирање на социјалната еднаквост и правда, парципативна демократија, граѓанска солидарност, недискриминација, општество на благосостојба и мир, а нашата главна цел е намалувањето на сиромаштијата и социјлната исклученост кај марганилизираните и ранливите групи на граѓани.

МППС го застапува гласот на безгласните и со новиот бран на поскапување се влијае директно на ранливите групи на граѓани и дополнително ги осиромашува, со што се соочуваме со косење на нашата визија, мисија и цели, и е причина и наше оправдување за давање на ова јавна поддршка.

Со пoчит,
Македонска платформа против сиромаштија
13.09.2012, Скопје 

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr