Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА КООРДИНАТОРИ на Втората Конференција

Македонската платформа против сиромаштија (MППС) во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман, на 29.09.2012 година ќе ја одржи Втората конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост.

МППС ќе се обиде да го привлече вниманието на јавноста за тешките услови во кои живеат и проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, а воедно на самата конференција ќе се ревидира и дополни првата Декларација на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, која беше подготвена за време на Првата конференција која ја организираше МППС и лично доставена до Министерот за труд и социјална политика.

На самата конференција покрај претставниците на организациите членки на платформата кои работат застапувајќи ги интересите на маргинализираните групи на граѓани, активен придонес и улога ќе имаат и сиромашните и ранливите групи на граѓани, што е од особено значење земајќи ја предвид стратешката определба на МППС за нивно јакнење и директно вклучување во процесите на донесување на одлуки.

За таа цел, ги повикуваме заинтересираните организации, членки на МППС да номинираат едно лице-координатор кој ќе биде одговорен за:

  • Соработка со Секратаријатот на МППС;
  • Селектирање, контактирање и координирање на група на лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост која ќе присуствува на Конференцијата ;
  • Партиципативност во работните групи и координирање со членовите на групата за време на Конференцијата;
  • Активно учество во подготвителните средби и координаторски активности организирани од Секретаријатот на МППС;
  • Координирање на својата група за време на хуманитарниот јавен настан.

 

За лицето кое се номинира за координатор потребно е да се достави кратка биографија. Крајниот рокот за пријавување за координатори е најдоцна до 07 Септември 2012 година до 14h на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ВАЖНО: Пристигнатите пријави по крајниот рок нема да бидат разгледувани!

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr