Четврток, Јануари 18, 2018
Text Size

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛИЦАТА КОИ ЖИВЕАТ ВО СИРОМАШТИЈА И СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ

Македонската платформа против сиромаштија (MППС) во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман, Ве поканува да присуствувате на Втората конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост на 29.09.2012 година во Скопје.

МППС ќе се обиде да го привлече вниманието на јавноста за тешките услови во кои живеат и проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, а воедно на самата конференција ќе се ревидира и дополни првата Декларација на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост (*), која беше подготвена за време на Првата конференција која ја организираше МППС и лично доставена до Министерот за труд и социјална политика.

Специфичните барања во самата Декларација беа насочени кон спроведување на усвоените национални стратегии на координиран и ефикасен начин, обезбедување на подобри и подостоинствени услови за живот на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, преземање на одлучни чекори во реформирањето на националните политики и законодавство кои само ги зголемуваат постоечките предизвици со кои се соочуваат ранливите и маргинализирани социјални групи, како и следење на моделот на ЕУ за користење на благодетите кои ги нуди едно социјално инклузивно општество.

Во рамки на конференцијата на плоштад Македонија пред ресторантот Пелистер (некогашен Дел Фуфо) ќе се организира и хуманитарен јавен настан со улични уметници со почеток од 18h00 до 22h00, на кој што настан поддршка можат да дадат и Вашите пријатели и роднини. По одржување на седницата со членовите на Извршен Одбор на МППС, дополнително ќе Ви биде испратена Агенда за настанот како и информација за намената на финансиските средства кои ќе бидат обезбедени за време на настанот. Од страна на организаторите ќе бидат покриени патните трошоци и трошоците за сместување во хотелот кај што ќе се одржува конференцијата за лицата кои доаѓаат од другите градови.

Рокот за пријавување за учество на конференцијата е до 21.09.2012 со испраќање на е-маил до секретаријатот на МППС на следнава е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


(*)

 Превземете - Декларација на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

 Download - MAPP Declaration People Living in Poverty and Social Exclusion Need More Decisive Steps

Arhiva-Baner-o

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr