Понеделник, Јули 24, 2017
Text Size

МППС - ПРИРАЧНИК

Оваа публикација е подготвена од страна на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“. Основна цел на проектот е инкорпорирање на пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) во процесите на донесување на одлуки на национално и локално ниво. На национално ниво институтот го поддржа основањето на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), додека на локално ниво обезбедува поддршка за подготовка на локални стратегии и оперативни планови за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во осум општини во Република Македонија.

Македонската платформа против сиромаштија е основана како мрежа на независни граѓански организации кои својот придонес на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост го гледаат преку остварувањето на човековите права на различните ранливи групи кои тие ги застапуваат.

Публикацијата ги содржи основните документи за работа на МППС, како што се Манифестот на МППС, Принципите и насоките
за примена на ПЗЧП во работата на МППС, Работна програма 2010-2012, како и основачкиот акт - Статутот на Македонската платформа против сиромаштија.

Се надеваме дека оваа публикација ќе биде корисна за постојните и идните членки на платформата, но и за секој кој сака да дознае повеќе за работата на МППС и за пристапот насочен кон луѓето како крајни корисници и активни чинители на полето на остварување на сопствените права.


 Превземете - МППС - ПРИРАЧНИК

 Download - MAPP - HANDBOOK

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr