Понеделник, Јули 24, 2017
Text Size

Проект - МАПИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПОТРЕБИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Македонската платформа против сиромаштија со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Скопје во периодот од Јуни до Октомври 2012 ќе го спроведува проектот: Мапирање на социјалните потреби на локално ниво.

Oпшта цел на проектот е проценка на социјалните потреби и проблеми на осиромашените и социјално исклучените групи граѓани во следниве општини: Гази Баба, Кочани, Св. Николе, Битола и Тетово.

Проектни активности:

  • Избор на локални координатори и анкетари
  • Организирање на обука за тимот на анкетари и локалните координатори
  • Истражување на социјалните потреби во претходно наведените општини:
    • спроведени анкетни прашалници со сиромашни и ранлиив групи од населението;
    • спроведени интервјуа со претставници од релевантните институции;
    • спроведени фокус групи со сиромашните и ранливите групи.
  • Подготовка на анализа од истражувањето
  • Организирање на пет јавни трибини и промоција на анализата

За успешна реализација на проектните активности е потребно номинирање од ваша страна на едно лице-локален координатор кој ќе биде одговорен за координирање на активностите на локално ниво. За избраните локални координатори како и за анкетарите е предвиден одреден финансиски надоместок.

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат истражувачки и аналитички вештини за документирање на проблемите и потребите поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост а воедно и имаат претходно истражувачко искуство.

Дополнителна предност ќе имаат номинираните лица од локалните членки на МППС каде што ќе се одвиваат проектните активности.

Главни активности на локалните координатори:

  • Соработка со проектниот менаџер на проектот за подготовка на престојните активности (учество на заедничка работна средба)
  • Предлагање на три лица-анкетари од својата организација кои ќе бидат одговорни за спроведување на истражувањето со лицата корисници на социјална парична помош
  • Остварување на контакт со лицата претставници од релевантните институции на локално ниво: Единици на локална самоуправа, здравствени установи, центри за социјална работа
  • Спроведување на интервјуа со претставниците на релевантните институции на локално ниво
  • Доставување на податоците во претходно дефинираниот рок до координаторот на истражувањето
  • Воспоставување на контакти со други граѓански организации и организирање на фокус групите со претставници на сиромашни и ранливи категории
  • Обезбедување на техничка поддршка и организирање на трибина за промоција на студијата.
doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr