Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Публикација - Извештај за сиромаштијата и за социјалната исклученост во Република Македонија за 2010 година.

izvestaj2010

Извештајот за сиромаштијата и социјалната исклученост во Р Македонија за 2010 година на МППС излезе од печат на крајот на месец август.

Ова издание е прво од ваков вид за МППС, и е производ на истражувањата и анализите кои 13 членки на платформата, кои ги спроведоа во перодот февруари-мај 2011 година.

Методологијата на истражувањето се засноваше на анализа на секундарни податоци кои произлегуваат од легислативата, акционите планови, стратегиите и политиките кои се донесени на национално ниво и капацтиетите на институциите задолжени за реализација на овие политики. Преку анализата на овие податоци беа направен пресек на состојбите во поглед на сиромаштијата и социјалната исклученост во дадениот пероиод. Истовремено беа дадени и заклучоци и препораки за надминување или подобрување на актуелните состојби.

Во изготвувањето на извештајот учествуваа - ХЕРА, „Чекор плус“, „Хуманост“, СОС Детско село, „Подај рака“, Организација на жени на град Скопје, „Полио минус“, „Скорпион“, Сојуз на балканските Египќани, „Женска акција“, Здружение на социјални работници, „Синергија“ и „Артизанати“, додека неговото уредување и структура ја направи Проф. Д-р Маја Геровска Митев.


 Превземете - Извештај за сиромаштијата и за социјалната исклученост во Република Македонија за 2010 година.

 Download - Report on poverty and social exclusion in the Republic of Macedonia 2010.

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr