Сабота, Ноември 18, 2017
Text Size

Научени лекции

Во Македонија вниманието посветено на социјалната инклузија, намалувањето на сиромаштијата, како и почитувањето на разликите и човековите права е навремено бидејќи забрзаниот економски раст ги прави социјалните разлики се по видливи, ранливоста се зголемува заради зголемувањето на цените, социјалните служби сеуште не се реформирани а меѓународната заедница ја признава социјалната инклузија и стабилниот економски раст како дел на агендата за развој на земјата.

Здобиените знаења до кои БИМ дојде во текот на имплементацијата на тематскиот проект на локално и на национално ниво се базираат врз основа на релевантните искуства, било да се тие позитивни или негативни. БИМ критички ги разгледува прашањата кои го имале посакуваното влијание во процесот на имплементација, но исто така ги проценува и факторите кои биле регистрирани како  непосакувани за време на процесот на имплементација како и начинот на кој БИМ се справуваше со нив.

Истовремено, БИМ изведе одредени заклучоци кои требаше да бидат реализирани за време на неговите активности во Македонија, и како резултат на тоа, предложи адекватни насоки за решенија кои можеа да им дадат насоки за идните активности на сите релевантни учесници во процесот во полето на човековите права, совијалната инклузија и економскиот развој.

БИМ смета дека ова издание треба да биде корисно за сите релевантни учесници во создавањето на политички - ориентирани решенија и реализација на меѓу - секторските програми кои ги напаѓаат ранливите социјални групи, намалувањето на сиромаштијата и темите поврзани со човековите права.


 Превземете - Пристап заснован на човековите права во општество во транзиција – ИСКУСТВА ОД МАКЕДОНИЈА

 Download - Human rights based approach in the context of a society in transition – EXPEREINECES FROM MACEDONIA

 

 

 

doniraj

Членка на

eapn-logo

Движење за достоинствен живот

ПУБЛИКАЦИИ

11 Evropski Sostanok
Download EAPN_Tolkuvac_2_MK
Download EAPN_Tolkuvac_2_AL

МППС на социјалните мрежи:

Придружете ни се на Facebook Следи не на twitter Посетете го нашиот блог Посетете го нашиот youtube канал Следи не на flickr